Промотор (генетика)![]() Горе: Генот е исклучен. Нема лактоза за да го инхибира репресорот, па затоа тој се врзува за операторот, кој и оневозможува на РНК-полимеразата да се врзе за промоторот и да го транскрибира генот за лактаза. Доле: Генот е активиран. Лактозата го инхибира репресорот, дозволувајќи и на РНК-полимеразата да се врзе за промоторот и да го транскрибира генот за лактаза. Ензимот ќе ја разгради лактозата и репресорот ќе стане слободен. Слободниот репресор потоа ќе се врзе за операторот, стопирајќи го создавањето на лактазата. Во генетиката, промотор е регион на ДНК што доведува до започнување на транскрипцијата на одреден ген. Промотори се наоѓаат во близина на почетните места на транскрипција на гените, возводно на ДНК (кон 5' регионот на сенс веригата). Промотори можат да бидат долги околу 100-1000 базни парови (бп).[1] ПрегледЗа да се одвива процесот на транскрипција, ензимот РНК-полимераза мора да се прикачи на ДНК во близина на генот. Промоторите содржат специфични ДНК-низи кои обезбедуваат безбедно почетно место за врзување на РНК-полимеразата и за белковини наречени транскрипциони фактори кои ја регрутираат РНК-полимеразата. Овие транскрипциони фактори имаат посебни активаторни или репресорни низи кои се поврзуваат за одредени промотори и ја регулираат генската експресија.
Промоторите претставуваат критични елементи кои можат да функционираат заедно со други регулаторни региони (засилувачи, пригушувачи, гранични елементи/инсулатори) за да се регулира нивото на транскрипцијата на одреден ген. Индукцијата на промоторот настанува како резултат на промените во изобилството или конформацијата на регулаторните белковини во клетката, кои овозможуваат да активирачките транскрипциони фактори ја регрутираат РНК-полимеразата.[2][3] Идентификација на релативната локацијаБидејќи промоторите се наоѓаат во непосредна близина на нивните гени, позициите во промоторот се назначени во однос на почетната позиција за транскрипција (позициите возводно се обележуваат со негативни броеви, броејќи наназад од -1, на пример -100 е позиција која се наоѓа 100 базни парови возводно од почетното место за транскрипција). Релативна локација во клеточното јадроВо клеточното јадро, се чини дека промотори се преференцијално дистрибуирани по работ на хромозомски територии, веројатно за да биде овозможена коекспресија на гени кои се наоѓаат на различни хромозоми.[4] Исто така, кај човекот, промотерите покажуваат одредени структурни одлики карактеристични за секој хромозом. ЕлементиЕукариотски
БактерискиКај бактериите, промоторот содржи две кратки низа кои се наоѓаат околу 10 нуклеотиди и околу 35 нуклеотиди возводно од почетното место на транскрипција.
Горенаведените промоторни низи биваат препознаени само од страна на холоензимот на РНК-полимеразата кој го содржи сигма-70. Холоензимите на РНК-полимеразата кои содржат други сигма фактори препознаваат различни главни промоторни низи. <-- возводно низводно --> 5'-XXXXXXXPPPPPPXXXXXXPPPPPPXXXXGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGXXXX-3' -35 -10 Ген Веројатност за присуство на секој од нуклеотидитеза -10 низа Т А Т А А Т 77% 76% 60% 61% 56% 82% за -35 низа T T G A C A 69% 79% 61% 56% 54% 54% ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia