Пулчинела![]() Пулчинела (Pulcinella, Polichinelle) – лик од италијанската комедија дел арте. Тој е еден од јужниот (неаполски) квартет заедно со Тарталја, Скарамуча и Ковело. Името значи „пиленце“ (pulcino на италијански е еднодневно пиле). Неговата маска се раѓа во XVI век во Јужна Италија (поконкретно во градот Ачера, во близина на Неапол). Тој е слуга кој ги комбинира одликите на првите и вторите ѕани - едноставен, пресметлив, суптилен. Тој е оженет, но неговата сопруга постојано го лаже мами. Неговиот лик конечно се формирал во 17 век, кога неговата улога ја играле некои од најдобрите глумци. Облечен е во облека направени од груба ткаенина носи шилеста шапка, а маската му наликува петел. Единствениот музеј целосно посветен на Пулчинела денес е во Ачера. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia