Пљаса (Горица)
Пљаса (албански: Plasë; влашки: Pleasa или Pliasa) — село во општината Малик на Горичката област, југоисточна Албанија. Географија и местоположбаСелото е сместено во северните падини на планината Морава, во Горичкото Поле, oколу 10 км североисточно од градот Горица, на надморска височина од 865 м.[1] ИсторијаНа почетокот на XVIII век Пљаса било големо влашко село во Горичката каза. Во 1831 г. селото било уништено од албански разбојници.[2] По Грчкото востание во Македонија во 1878 година, околу 135 влашки семејства се преселиле во околината на гратчето Алмирос во Тесалија.[3] Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал дека селото Пљаса било поделено на две маала – едно муслиманско (албанско) и едно христијанско (влашко).[4] Во христијанското маало живееле околу 500 жители, Власи под влијание на романската пропаганда.[5] Во 1881 г. било отворено и романско училиште, кое во 1890 г. броело 73 ученици.[6] За време на Македонската борба, влашкото население останало верно на четниците на ВМОРО и ја одбиле Цариградската патријаршија. Во селската црква, богослужбата се оддржувала на романски, каде служел отец Харалампие Баламачи. Поради тоа, во 1905 г. андартскиот капетан Константинос Гутас го нападнал селото со цел населението да премине под Патријаршијата.[7] Летото истата година, андартите на Никола (Лаки) Дељо ги разбиле месните чети на Апостол Кочкона и Танаси Насту.[8] Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век селото имало „300 куќи Македонци[9] и Арнаути“.[10] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пљаса е претставена како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 210 куќи.[11] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Полјани. Културни и природни знаменитостиЦркви
ЛичностиРодени во Пљаса
По потекло од Пљаса
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia