Радау
Радау (германски: Radau) — река во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува десна притока на реката Окер. Извира на околу 800 метри надморска височина во планинскиот масив Харц, во голет наречен Торфхаусмор (исто и Радауборнмор) источно од селото Торфхаус во градот Алтенау. Реката тече северно низ долина и на која се наоѓа 23-метарскиот водопад „Радау“, јужно од бањскиот град Бад Харцбург, веднаш до сојузниот автопат Б4. Вештачкиот водопад бил изграден како туристичка знаменитост во 1859 година од страна на државните железници на Војводството Брауншвајг, која управувала со железничката пруга Брауншвајг-Бад Харцбург од 1841 година. Откако го поминува Финенбург, Радау се влева во реката Окер североисточно од градот. Во средниот век, Радау била користена за пренесување на цепеници и дрвја. На крајот на реката имало брана. Во близина на водопадот се наоѓа ресторан и детска железница. Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia