Рада Измирлиева-Чукаркова

Рада Измирлиева-Чукаркова ( 1924 во Кавадарци — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Делувала до крајот на септември 1941 година како член на СКОЈ во родниот град. Учествувала во сите акции што ги организирала Партијата: во демонстрацијата на монополските работници и штрајкот, во манифестацијата што била одржана на 1 мај 1941 година во селото Мокришта и слично. Нејзината активност посебно била изразена со акциите на Тиквешкиот партизански одред во 1943 година во кој период чувала илегалци и собирала народна помош. Во јуни 1944 година стапила во Втората македонска ударна бригада. Била член на Месниот Комитет на СКОЈ - Кавадарци.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1070.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya