Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).
Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).
Кај честотите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките честотни опсези, кога е повторно проодна.
За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.
Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.
По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. честоти од 3×10nхерци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги честоти од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата нечестотна распределба.
FM, телевизиски емитувања и воздухопловни врски „на видик“, „земја-воздух“ и „воздух-воздух“. копнени и поморски мобилни врски, радиоаматерство, метеоролошки радиовски
Teрахерцна томографија – потенцијална замена за ретнгенските зраци во некои области од мединицата, ултрабрза молекуларна динамика, физика на кондензираната материја, терахерцна временскоподрачна спектроскопија, терахерцна информатика/врски, подмилиметарско далечинско испитување, радиоаматерство
МТУ
Радиопојасите на МТУ се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".
↑Прописи за радиоемитување на МТУ, Том 1, Член 2; издание 2008
↑Согласно IEEE Std 521-2002 „Стандардни буквени предназнаки за радарски честотни опсези“. Потврдени во 1984, а воспоставени за време на Втората светска војна.