Радомир (град)За други истоимени места, погледајте Радомир
Радомир (бугарски: Радомир) — град во Западна Бугарија, административен центар на Општина Радомир во Перниичката Oбласт. Има население од околу 13.135 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа во Радомирската Котлина, во подножјето на планината Голо брдо. Тој е центар на историско-географскиот регион Мраката. ИсторијаРадомир бил средновековен град изграден над праисториска, античка населба и некропола. Во 30-те години на 19 век од тука поминува францускиот геолог Ами Буе, кој го опишува Радомир како мало гратче со не повеќе од 2000-3000 жители кое повеќе личало на село. Над плоштадот, кој малку бил навален, се наоѓал конакот на Мјуселим со харемот и неговите градини, опкружени со ѕидови. На самиот плоштад имало добро уредена гостилница, држана од еден Грк од Јанина.[2] Во 1918 година градот Радомир станува центар на Војничкото востание. Оттука на 27 септември 1918 година Бугарија за првпат била прогласена за република. Наводи
Надворешни врскиОфицијално мрежно место на Општина Радомир Архивирано на 31 мај 2022 г. |
Portal di Ensiklopedia Dunia