Разговор за предлошка:Македонска книжевностBTW, не е ли подобро називот на шаблонот да биде Македонска литература, полесно се капира за што станува збор кога го гледаш кодот на некоја статија.--brest 18:57, 6 јули 2007 (UTC) Уште нешто, дали терминот македонска литература се однесува на литература која е пишувана на македонски јазик или пак која ја создавале македонци на било кој друг јазик, или на литератута која се однесува на Македонија, без разлика кој ја пишувал и на кој јазик е пишувана? Македонска литература е литература која ја создаваат македонски писатели на било кој јазик (Милан Кундера и Тристан Цара пишуваат на француски, но сепак се чешки и романски писател соодветно). Сепак, постојат неколку контроверзни имиња во историјата на македонската литература (Венко Марковски, Ангелко Крстиќ, Никола Вапцаров), кои се т.н. дводомни писатели. И Антон Попов (добро што си приметил дека се повторува), е еден од нив. Сепак тие, учествуваат, на еден или на друг начин, во оформувањето на македонската современа литература, така што мислев дека немаше да биде праведно истите да отпаднат од шаблонот. Затоа и се ставени, но со закосени букви. А за името на шаблонот, сосема си во право: МакЛит се вика од чисто практични причини, односно за да нема педолг назив. Сепак, мислам дека треба да го преместиме. --Виктор Јованоски 22:30, 6 јули 2007 (UTC) Патем, дали има некој идеја зошто не се менуваат сликите? Поставени се седум и би требало секој пат кога ќе се посети шаблонот да има слика по случаен избор. Наместо тоа, ја има само петтата слика, која и да е. --Виктор Јованоски 23:06, 6 јули 2007 (UTC)
Токму тоа и требаше - благодарам. --Виктор Јованоски 07:49, 7 јули 2007 (UTC)
Ако мислиш дека така би било подобро, може и да се променат сликите. Мене вака ми изгледаше сосема добро, поради што и ги ставив сликите. Отпрво мислев да бидат фотографии на текстови или книги (записи на старословенски, насловната страница на Бели мугри и слично), но потоа се премислив и се одлучив тука да стојат некои од најистакнатите македонски писатели и поети. И навистина, не знам какви слики би требало да ставиме за да се подобри шаблонот. --Виктор Јованоски 08:12, 7 јули 2007 (UTC)
За имената в шаблонаВ шаблона има автори, който през целия си живот работят само и единствено за каузата на сърбизма и са класически сърбомани. Не може някой сърбомани да бъдат сравнявани със Свети Климент, Братя Миладинови, Джинот и др., това е пълен абсурд. Има няколко имена, на хора родени в Македония, които дори не пишат на македонски език и защитават кауза, противоречаща на мнозинството от македонците по това време. --Li4kata 15:58, 22 јануари 2008 (UTC) Како на пример кои? --Виктор Јованоски 19:09, 27 јануари 2008 (UTC)
Ги ставив Марковски, Крстиќ, Вапцаров и Попов со закосени букви, затоа што се дводомни писатели - од едни или други причини, не пишуваат на македонски јазик. И во врска со Крстиќ - ќе те замолам Li4kata да не даваш судови и тоа особено да не го правиш во рамките на самите статии. Зашто реченица од типот Ангелко Крстиќ е србомански поет, раскажувач, романописец и драмски автор. е се, само не енциклопедиска. --Виктор Јованоски 23:28, 27 јануари 2008 (UTC)
Разбирам те, и аз да бях като теб - да нямам какво друго да кажа, и аз щях да си мълча :) – Разговора е за шаблона, бе човек, не е за мене, ако искаш да си говорим за мене - пиши на моя разговор, не тука. И моята забележка е, че той включва личности, които трудно могат да се обвържат с македонската книжовност. – МК
|
Portal di Ensiklopedia Dunia