Разговор со корисник:Виктор Јованоски/Архива IIIГригор Куркчиев и останатите генералиВикторе, си го тргнал шаблонот за бришење од таа статија. Како прво, шаблонот беше ставен бидејќи Григор Кюркчиев на македонски не се предава како Григор Куркчиев туку како Григор Ќуркчиев. Но, исто така, во последниве неколку дена беа креирани десетици статии од корисникот Охрид со по две-три реченици за некакви си "бугарски генерали" од Македонија. Треба поангажирано да разгледате какви статии и за кого креираат посетителите од Бугарија. Прагот на толеранција ви е премногу висок. На бугарската Википедија тешко дека ќе напишеш статија за некоја македонска личност. Мене ми ја иабришаа статијата за Кимет Фетаху без никакво образложение. А, да не зборуваме што сѐ пишуваат за Македонците и Македонија во статиите поврзани со нас. Поздрав и размислете што правите, вие администраторите! Малку ни беа бугарската и англиската Википедија пишувани од Бугари и преполни со антимакедонска пропаганда, па сега и на македонската верзија треба да го дозволиме истото?! --Amacos 19:45, 28 септември 2007 (UTC) Најпрво благодарам за исцрпниот одговор. Свесен сум за работите за коишто пишуваш и во целост се согласувам. Но, сепак мислам дека треба да постои некаков реципроцитет. Имам чувство дека Бугарите чувствуваат лабавост на македонската Википедија и сите статии поврзани со Македонија се обидуваат да ги уредуваат според бугарската гледна точка. Целта ми беше да поттикнам на поголема будност, особено од страна на администраторите кога се работи за статии поврзани со и околу Македонија. Бугарите употребуваат тактика на добар и лош полицаец. Едни пишуваат екстремни работи, а другите демек сакаат да неутрализираат. Колку и да се правиме наивни, факт е дека од бугарска страна, бугарската, како и англиската Википедија (а верувам и на македонската) уредуваат "професионални" пропагандисти коишто дежураат по 24 часа на ден, особено на англиската Википедија. Тоа не може да е дело на поединец. Мора да постои некоја организираност и координираност. Претпазливост и помал степен на толеранција мора да има. Во спротивно ќе направат takeover и на македонското вики. Укажувањата ми беа добронамерни. Поздрав, --Amacos 08:06, 29 септември 2007 (UTC) Веројатно знаешВикторе, веројатно си заприметил дека се води препукување на страницата за разговор на статијата за Бугарските владетели. Статијата беше предложена за бришење и тоа ја почна лавината секакви коментари, дури и (за жал) простотилаци. Те молам да погледнеш што се случува таму... Лично, не ми смета да (по)стои статијава сѐ додека не се присвојуваат владетели на македонските Словени. Поздрав! --Филип што бе? Во континуитет ги вандализира статиите поврзани со Македонците. Последниот чин е на статијата Македонци каде што ги менува податоците коишто веќе еден од македонските уредувачи ги аргументира ставајќи неутрални извори. Те молам заштити ја страницата или предупреди го StanProg, а поради прекршување на правилото за правење повеќе од 3 измени и тоа класично вандализирање треба да биде и блокиран. Се сомневам дека е клон на Охрид - стилот на уредување на корисничките страници како и јазикот на којшто пишуваат укажува на тоа. Поздрав, --Amacos 23:45, 29 септември 2007 (UTC)
Кое да види? Англиската верзија која што деноноќно ја уредуваат платени бугарски и грчки пропагандисти како тебе? Значи тоа ви била целта, демек прво ќе си изнапишете статии на англиската верзија како што и одговара на вашата пропаганда и после ќе ја покажувате англиската верзија како "неутрална". Многу памет сте наследиле од тој Аспарух. --Amacos 00:16, 30 септември 2007 (UTC)
Додадена е и Бугарија. Со тоа барањето е задоволено. Виктор, твоите размислувања се исправни. Но, за жал таквите практики се применуваат само на македонската википедија. Погледни ја статијата којашто ти ја споменуваш за Гоце Делчев. На македонската вики е претставено и бугарското гледиште без притоа да се дава објаснување зошто и како Бугарите се во заблуда. За истата статија на бугарската вики точно е дека го вметнале и македонското гледиште, но повторно провокативно сакајќи да ја објаснат "заблудата" на Македонците. Она што ти сакаш да го постигнеш е во ред, но за жал од другата страна нема таков однос. Тоа што на македонската вики се применува НТГ, пропагандистите од другата страна единствено го разбираат како подаден прст за да ти ја земат целата рака. Колку и да се убедуваме дека не е така, сепак е така. За да биде лицемерието поголемо истите ликови коишто пропагираат овде прават невидени антимакедонски пропаганди на англиската вики. --Amacos 01:38, 30 септември 2007 (UTC)
Корисник МакедонијаКорисникот Македонија Бугарин ли е? На статијата за Македонци имаше ставено еден куп слики на личности од цел свет коишто на еден или друг начин се поврзани со Македонија и постојано го менува поимот етничко знаме со национално знаме, како и етничка Македонија со историска Македонија. Тукушто забележав дека има креирано статија Свети Димитрија Солунски каде што ставил само една единствена реченица - "Роден е вo Солун през 3 век." на бугарски јазик. Мислам дека корисничкото име "Македонец" како и неговата корисничка страница се една голема фарса и шега со македонското име. Насетувам дека целта му е да изменува во статиите поврзани со Македонија и да ги доведе до тој степен и да наликува дека Македонците и Сталин го сметаат за Македонец (позната бугарска шега, т.е. провокација). Поздрав, --Amacos 07:02, 30 септември 2007 (UTC)
Па истото е напишано и на бугарската верзија, само малку во завиткана форма. --Amacos 19:49, 30 септември 2007 (UTC) Мислев да направам некои ситни измени на шаблонот, ама видов дека е заштитен, па го направив тоа во песокот. Промените се следниве:
Речиси сум сигурен дека не ме разбираш ни 50% (толку добро знам да објаснувам), затоа оди на мојата корисничка страница, таму ги ставив сите три примери, мислам дека ќе ме сфатиш. Ако се увериш дека нема зло во новите промени, те молам обнови го шаблонот (само ископирај го кодот од {{Template sandbox}} во {{Бришење}}). Благодарам. Поречанец A? 13:05, 30 септември 2007 (UTC)
Вандализмот на StanProgПостојано вандализира и не ги почитува правилата на три промени. Исто така, ги негира и веќе установените термини коишто постојат во Македонија, како "етничка Македонија" и тн. и наместо сериозни пишува глупави и шегобијни изрази како "Симеонова Бугарија" означувајќи ја етничка Македонија. Мислам дека се работи за клон на некој друг корисник. Те молам предупреди го или блокирај го! Поздрав, --Amacos 14:14, 1 октомври 2007 (UTC) Нема спорен параграф. Конкретни извори нема за целата статија, а истото го пишува и на бугарската верзија доколку си ја погледнал. Доколку бараме конкретни извори, тогаш ќе треба да се избрише целата статија бидејќи за ниту еден збор нема конкретен извор, како на македонската, така и на бугарската верзија. Edit-војните ги создаваат познатите пропагандисти, а попустливоста на администраторите само им помага во тоа. Не знам какво е вашето влијание, но само еден пример - статиите на албанската википедија за Македонија и за Македонците се ВЕЧНО заштитени и не може да се промени ниту една буква. Зошто мислите дека македонската википедија треба да биде поинаква од сите останати?! Поради тоа што сме ФИРОМ? Или можеби токму поради тоа и сме ФИРОМ. --Amacos 15:38, 1 октомври 2007 (UTC) ?Јазици?Е сега навистина збеснав! Се обидов да го прочитам разговорот за сликата Makedonski polk vo Ukraina (затоа што сум уверен дека пишува нешто подло, т.е. крајно саркастично и навредливо), ама НЕ УСПЕАВ, затоа што, очигледно, не сум го научил убаво македонскиот јазик... Или можеби не е на македонски... На што личи ова, секој како сака си пишува? Уф, стварно сум изнервиран, не чини тоа... Дај те молам преземи некоја мерка, ова ги преминува сите граници. Поздрав и фала однапред. Поречанец A? 20:50, 1 октомври 2007 (UTC)
За Јосиф БродскиЕј Виктор, има една поема од Бродски, На смерт Жукова, која ми е омилена, ама, и покрај тоа што сум ја прочитал милион пати, мислам дека пропуштам некоја поента во стиховите. Него затупев и ја... сакав да те прашам да не знаеш каде може да најдам препев или превод на некој друг јазик, по можност македонски, српски, хрватски, па може и англиски? Ако знаеш, плс едно линкче :))))) Поздрав! --Филип што бе? 11:53, 1 октомври 2007 (СЕВ)
Вандализам на StanProg 2 делКако по обичај, познатите пропагандисти, преку ноќ сакаат да ги изменат сите статии на македонската верзија кои што имаат македонска гледна точка, наметнувајќи ја бугарската пропаганда. Споменатиот корисник се обидува да ги навдализира сите статии поврзани со села во Пиринска Македонија наметнувајќи други, без притоа да праша за согласност. Селата од Пиринска Македонија на македонската википедија се категоризирани во посебна категорија и статијата за Пиринска Македонија има посебна важност. Те молам, ти или другите администратори преземете нешто. Поздрав, --Amacos 01:22, 2 октомври 2007 (UTC)
Села во Пиринска МакедонијаДа промена шаблобнот за Пиринска Македонија дека е административно в Бугарија? Види шаблонот на англиската: [2] Да го ползваме овоj шаблон? --StanProg 11:05, 2 октомври 2007 (UTC)
ЛиценциЗдраво Викторе, како си? Те молам кажи ми под која лиценца да ги лиценцирам овие слики што ги ставив на комон, зашто ако не ставам добра лиценца, ќе бидат избришани. Те молам помогни ми зоштѕо немам нерви да се расправам сам со ова. Потребно е итно да се реагира затоа што има еден корисник со име ForeignerFromTheEast кој секојдневно влегува и го вандализира шаблонот за лиценца кој го ставам. Еве ја мојата гласерија на Комонс Поздрав. Revizionist 14:32, 02 октомври 2007 (UTC)
{{Корица на книга}}Многу ми е жал што те замарам пак, знам дека си многу зафатен, ама ако имаш време, те молам погрижи се шаблонот {{Корица на книга}} да си го добие местото во менито за бирање лиценца. Кога подигнуваме слики, има мени со лиценци, ги има за албум, за филм, но ја нема оваа (а важна е). Би можел и некои други битни лиценци да додадеш, ако имаш време :) Благодарам. Поречанец A? 23:32, 3 октомври 2007 (UTC)
Статија МакедонциЗдраво Викторе. Еве, после поминувајќи недела дена во барање цитати скенирање и пишување, најнакрај новата верзија на статијата е готова. Новата верзија е неутрална, обемна, информативна, и илустрирана. Те молам кажи го твоето мислење тука. Поздрав. Revizionist 18:47, 05 октомври 2007 (UTC) ПоздравЗдраво Виктор. Што има ново на википедија. Бев отсутен од википедија целосно речиси петнаесетина дена. Има ли многу конфликтни ситуации и некои значителни промени. Јас најверојатно и во текот на следниот месец ќе бидам отсутен / без можност да давам придонес на википедија. Поздрав--brest 09:26, 6 октомври 2007 (UTC) бан за amacosТочно така. Колку и да се трудат татарите како тебе да ја избришат македонската историја, тоа нема да им успее ;) Како за почеток лага е самото име на статијата (или категоријата) "Солунска бугарска машка гимназија", а уште повеќе поистоветувањето на поимот "бугарска" од тоа време со значењето на денешниот поим "бугарска" којшто означува нешто сосема друго заради подобни обидни квалификации към българите и българския народ, този потребител трябва да бъде баниран от свободния проест уикипедия.
Солунска машка гимназијаВиктор јас прочитав дека ти сакаше цитати и аргументи за статијата Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун за да се избегне едит војна. Јас цитирајќи книги кои ги имам дома, ја уредив статијата давајќи и неутрална гледна точка. Но дури откако ја уредив видов дека си ставил забрана за понатамошно уредување т.е. “Обид за постигнување на НГТ и заштита на статијата - никој, освен администартори, не смее да менува; во спротивно ќе биде блокиран“. Јас жалам што не ја видов забраната на време (која ја прочитав во историјата на статијата), но сепак се надевам дека ќе ти се допадне новаат ревизија што ја направив. Поздрав. Revizionist 17:43, 07 октомври 2007 (UTC)
За некои работиПоздрав Виктор. Јас ја доуредив статијата за Солунската гимназија, и дадов предлог за компромисно решение на страницата за разговор, ти би можел евентуално да го видсиш и да дадеш твое мислење. Сакам и да те информирам дека и покрај договореното да не се прават поголеми промени на статијата Македонци без консултација на страницата за разговор, сепак некои учесници го прават тоа. Можеби би требало ти да се вмешаш во тоа, и да го кажеш последниот збор (ем и да видиш до каде е гласањето за лилностите, и да кажеш кои ќе бидат на вториот ред слики за инфобоксот Македонци). Поздрав. --Revizionist 18:34, 10 октомври 2007 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia