Разговор со корисник:Brest/Архива/2007/септември/1
БлагодарамФала на честитките, Брест. Еве и јас да ти возвратам - честитки за... што ли не? Можеби за Порталот:Политика... не за друго, туку зашто ти е еден од последните придонеси што јас сум ти ги забележал. Би ти помогнал, но, искрено, за мене, тешко дека постои понеинтересна тема. Се надевам дека ќе се најде некој и дека нема да останеш сам. И не знам дали смеам јас да доделувам награди, но секако дека ти ги имаш и повеќе од заслужено, така што мислам дека никој нема да ми замери. Патем, ако можеш промени го Берлинскио Конгрес во Берлинскиот Конгрес кај 13 јули (настани), зашто шаблонот е заштитен и јас не можам. --Виктор Јованоски 07:59, 13 јули 2007 (UTC)
Избрана статијаБрест, мислам дека не е убаво сликата на главна страница да се појави во рамка, зашто бојата не е усогласена со позадината и зашто зафаќа доста простор. Можеби не сум во право, но мислам дека треба да се врати како што стоеше претходно. Исто така мислам и дека не треба статијата да стои во шаблон (како што е избраната статија оваа седмица). Како и да е, не променувам ништо додека не ми кажеш што мислиш ти, зашто сигурно има некоја причина поради која си ги направил промените. --Виктор Јованоски 14:18, 13 јули 2007 (UTC)
ОдговорОК. Забележав во последно време дека преголем товар од техничките работи околу македонската википедија паднале на твој грб. Нешто ги нема останатите администратори, па наполно те сфаќам со каква огромна работа се зафаќаш. Честитки за тоа :) и колку што можам ќе ти помагам (Zdravko 14:21, 23 јули 2007 (UTC)) Барам информацијаЈа прегледав подетално страницата за помош за едитирање, и таму не најдов објаснување за создавање на посебен бокс со содржина и креирање на линкови внатре во самата страница-како што е на пример на страницата за карпошово востание.Дали е потребно користење на HTML и ако треба дали постои некој шаблон за ова. Поздрав, Тиверополник
За Њутн![]() Брест, избраната мултимедијална содржина (десно), ние ја викавме Њутново нишало, а книгата Математички Принципи на Природната Филозофија. Можда е боље да се смени, барем лулка у нишало. Поздрав!!! --Филип што бе?
БудваОф леле, целосно заборавив! Морам да признаам дека ни најмалку не се досетив, а знам дека ветив (на некој начин), па, се извинувам и те поканувам да ја погледнеш новата статија за Будва веднаш штом ќе ја завршам (почнувам СЕГА) :D. Поздрав, Поречанец 13:05, 8 август 2007 (UTC)
Здраво БрестБрест, по долго отсуство од речиси три недели, и јас конечно се вратив. Само да те поздравам, да те прашам дали нешто важно се случи во изминатиов период и да ти кажам дека наскоро ќе продолжи и мојот активен ангажман на Википедија. --Виктор Јованоски 16:45, 8 август 2007 (UTC)
Имаш право. Мислам дека во наредниве денови ќе напишам некоја доста голема статија. Во врска со одбраните статии - напротив, имаме доста статии што заслужуваат да се најдат во рубриката одбрани. При правењето на порталите и јас помислив на истиот проблем, но откако длабоко прочепкав низ досега направените статии, заклучив дека не сме толку сиромашни. Погледни во архивата на било кој портал и ќе најдеш доста статии кои заслужуваат да се најдат на главна (сигурно 70% од одбраните статии на порталите не се и не биле претходно одбрани за главна страница). Некои што моментално ми паѓаат на памет - Станислав Лем, Никола Коперник, Атина, Балкански војни, Марија Шарапова, Општина Делчево, Битлси... За следната недела, сепак, за одбрана ја ставив статијата за еден од моите омилени поети Вилијам Блејк - последната моја статија, сега за сега -, бидејќи на 12 август, односно оваа недела, се навршуваат 180 години од неговата смрт. Сега, не бев тука да побарам да ја ставиме за одбрана во периодот од 6-12 август, но тоа е тоа. И вака ќе биде добро. Како и да е, да не заборавиме и на неколкуте нови статии на кои налетав при брзото разгледување на скорешните промени (на пример - Будва - навистина браво за Поречанец - си го оддржа зборот), а може и да им дадеме стимулација на двајцата-тројца ентузијасти кои се посветени на пишување статии за серии и телевизиски сапуници (особен впечаток ми остави статијата за Пријатели, која со многу малку модификации, би можела да стане една од најдобрите статии на Википедија). Тоа е од мене, Брест, продолжувам утре со работа. Поздрав, --Виктор Јованоски 23:35, 8 август 2007 (UTC). Едно мислењеБрест, гледам дека создаваш, според моето мислење, непотребни статии со листи по буква на македонски писатели. Не гледам никаква потреба од тоа да има повеќе од само една листа на македонски писатели, но твојата намера веројатно е да креираш што повеќе статии. Не сум сигурен дека ќе го земеш предвид моето мислење, но запрашај се: што е идејата со википедијата? Дали се работи за трка кој народ ќе има повеќе статии или се работи за споделување знаење? Ако е второто, тогаш зошто да се создаваат статии од кои нема корист? Не е ли поважно времето да се посветува на продуцирање квалитетни и/или поцелосни статии наместо да се троши на создавање што повеќе статии? Поздрав (Zdravko 21:17, 12 август 2007 (UTC))
pleaseТе замолувам, бидејќи јас пишувам повеќе за Македонија и македонските револуционери доколку си компентен, сите бугарски фактори од нашите статии да бидат избришени како што го прават и тие на бугарската википедија.--Астрион 11:01, 16 август 2007 (UTC)Астрион
АрхеомакБрест, ќе се активирам во фаза 1, но не знам од каде да ги преземам информациите. Гледам дека употребувате некоја книга која јас не можев да ја најдам минативе два дена. Кажи ми дали има некое друго место каде би можел да најдам информации. --Виктор Јованоски 16:31, 17 август 2007 (UTC)
Мислам дека е глупаво сега да ги преименуваме шаблоните и згора на тоа, мислам и дека нема некоја голема потреба. Во секој случај, сосема се согласувам со идејата да се преработат шаблоните - токму во овие моменти и се обидувам да ги ставам сите податоци во средина (некаде изгледа малку лошо подредувањето, зашто сите се подредени да почнуваат од лево), само не можам да сфатам кој е проблемот што не може да се промени. А и фонтот не би било лошо да се направи со големина 90% (така што и при болдирањето, буквите не би се истакнувале многу над содржината на текстот). За боите - не знам. Отпрво мислев да бидат сиви, но изгледаа многу монотони. Потоа се премислив и ги ставив црвени. Сепак, ако сметаш дека треба да ја смениме бојата, немам ништо против. Сега околу види исто така: и мене ми изгледаше поубаво со него, само мислев да не се повторуваат многу податоците. Зашто некаде забележував статии од типот на XXXXX, населба од римско време, сместена на 2 km oд селото XXXXX и веднаш под тоа Види исто така - XXXXX, населба од римско време, сместена на 2 km oд селото XXXXX... Затоа и во насловот на шаблоните ставив врска до листите на археолошките локалитети и ги избришав. Само мислам и јас дека би било подобро да ги вратам (што и најверојатно ќе го направам). --Виктор Јованоски 19:07, 17 август 2007 (UTC)
Паметен аргумент - ќе ги вратам. За неколку часа, зашто сега имам некоја работа. Знаеш, сум забележал дека ти секогаш имаш некој оптимистички начин на идеализирање: ако 99% од корисниците ја гледаат статијата полна само со првобитните информации, ти можеш да ја набљудуваш само како никулец за некоја огромна статија што ќе се појави во иднината. Браво! Патем, прочитав и го сфатив начинот на креирање на нови статии, така што веќе и се пријавив за уредување на неколку. --Виктор Јованоски 19:33, 17 август 2007 (UTC) Еј, Брест, ако можеш, пробај да ги центрираш податоците во шаблоните. Веќе половина час се обидувам и никако не можам да најдам начин, ниту пак причина зошто не можам да го најдам тој начин. --Виктор Јованоски 19:36, 17 август 2007 (UTC) Категорија, Зимски Олимписки ИгриЗошто ја избриша категоријата Зимски Олимписки Игри? Да не е по грешка? Или? Или кај мене нешто е грешка? Поречанец 20:09, 24 август 2007 (UTC)
Категоризација преку шаблониИдеја, и тоа прекрасна! Прееска почнав да ти пишувам порака за да ти кажам колку ми се допаѓа идејата (бидејќи приметив дека веќе си почнал да го правиш тоа) и да ти дадам некои слични предлози. Супер би било тоа, шаблоните да ги категоризираат статиите според раѓање/занимање/националност итн итн, уште веднаш ќе почнам да планирам (а дејствувањето подоцна ќе дојде :D)! За блокадатаБрат, срам да ти е! Само така продолжи, со таква политика, Европа, Европа, Европа, додека сите си играат со нас (особено Бугарите!). Татаринот доаѓа на нашата Википедија, сите можни статии за Македонија ги преобратува во бугарска пропаганда, навредува и ПАК победува! Епа или алал да им е на нив или арам да ни е на нас! Првиот дел од „разговорот“ со него не беше навредлив, зборував за настанокот на т.н. бугарски јазик; а вториот дел (навредата) точно е дека беше несоодветен и „навредувачки“ (гледам се тресе типот од што е навреден... СЕ СМЕЕ!!), ама му претходеше навреда од негова страна! Не знам дали го прочита тоа „Београђанин“, ама мене тоа ми задава силен удар (душевен), па морав некако да се испразнам. Имено, човекот сака да каже: „Ти си испран од Србите и затоа се откажуваш од твоето бугарство, брате Бугару“, затоа што прочитал дека сум роден во Белград (ААА ПАК СЕ НЕРВИРАМ!), а што има врска каде сум роден! Туку, да преминам на главното, можеше да ми дадеш некоја опомена или мала рестрикција, не мораше блокада од цели 24 часа! Мислам, не сум вандализирал страници и слично, беше само еден испад (што многу лесно се санира). Фала уште еднаш за блокадата, Поречанец 09:56, 31 август 2007 (UTC) На денешен денБрест, не знам зошто не ти текна порано да го изнесеш овој начин на уредување на рубриката - можеше да реши многу проблеми (алудирам на дискусиите со Здравко) и неговото мислење дека треба да се поедностави начинот на уредување на деновите. Можеше (всушност, не гледам причина и сега да не може) да се направи сите денови да се уредуваат на стариот начин (за да не биде технички сложено за останатите корисници), а истовремено, за секој ден да се прави ваков шаблон за главна страница (од страна на членовите на проектот) при што од понудените податоци ќе се избираат по максимум пет во секоја категорија (настани, родени, починале, а гледајќи ја флексибилноста на овој начин на пишување, зошто да не се стави и слика)- прилично едноставен принцип кој ќе овозможи да имаме статии за сите денови кои би содржеле голем број на информации и такви за на главна кои би биле ограничени. Сега мислам дека ме сфаќаш зошто уште од порано барав да се воспостават некои правила и ограничувања: сите имаме различен начин на пишување и нормално изгледот на рубриката не е стандардизиран. Како и да е, како што најверојатно имаш забележано, десетина дена само повремено се појавувам на Википедија (имам доста работа овој период), но мислам дека ќе можам денес да ги средам деновите до 10 септември на овој начин. И патем, Брест, што се случило со порталите? Поздрав, --Виктор Јованоски 13:49, 1 септември 2007 (UTC) Мислам дека сфатив (недостасува Шаблон:, иронично, токму пред шаблоните), но тоа нема да помогне кај Порталот Географија кој е, како да речам, severely damaged - му недостасуваат и box-header и footer. Како и да е, кажи ми дали работиш нешто на нив или не? Зашто ако е не, да почнам да ги средувам и нив. Уште еднаш поздрав од мене, --Виктор Јованоски 13:56, 1 септември 2007 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia