Разговор со корисник:Orce Wiki

Здраво Орце, не ја сфаќам потребата од постоење на статиите за етнографските целини во посебни статии. Можеби е потребно да има една статија во која се објаснува поделбата на региони, но самите региони нема потреба, бидејќи нема толку материјал. Исто така, категоријата што ја ставаш во статиите е за Македонски народни носии, а за нив ние имаме статија за секој подрегион сеопфатни статии. Очекувам твое мислење. --Ehrlich91 (разговор) 19:09, 12 април 2025 (CEST)Одговори

Здраво Ehrlich91. Целта на создавањето статии за етнографските целини е да се направи систематизација на носиите врз база на територијално-етнографската поделба на Македонија. Бидејќи во статијата Македонски народни носии е обработена поделбата на носиите на нивниот основни типски одлики: западномакедонски и источномакедонски тип, а воопшто не се спомнати етнографските целини: Горновардарска, Дебарско-реканска, Брсјачка, Средновардарска - (подгрупа), Шопско-Македонска, Струмо-Местанска и Јужномакедонска, сметам дека е направен прекин во методолошкиот пристап на еден од најважните трудови поврзан со систематизирањето на носиите по пределски целини, Македноски народни носии од Ѓорѓи Здравев. Потребата за постоење на статиите за етнографски целини во посебни статии можеби е неоправдана и идејата за една статија која целосно би ја отсликувала поделбата на регионите ја прифаќам бидејќи засега нема толку материјал, иако сметам дека во иднина истата проблематика ќе биде доистражена и проширена, со што ќе се оправда таквото постоење. Статиите или категориите кои веќе постојат, сметам дека не се соодветни на етнографските целини за кои сакав да пишувам и често ја имаат истата грешка (брсјачка етничка целина, горновардарска етничка целина, јужномакедонска етничка целина). Се надевам дека со создавањето на ваква статија со преглед на македоските народни носии според етнографските целини ќе може да се направи пат за поцелосен увид и на тоа што веќе е напишано и што недостасува. Orce Wiki (разговор) 17:59, 13 април 2025 (CEST)Одговори
@Orce Wiki Како што и самиот кажуваш, во моментов нека биде една статија, па затоа оваа статија за Дебарско-реканска етнографска целина ќе ја избришам и создади една целосна статија за сите целини. --Ehrlich91 (разговор) 21:17, 17 април 2025 (CEST)Одговори
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya