Разговор со корисник:Retrohead/Архива 2017
СИЕ Пролет 2016Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST) Re>Локални избори 2005Се сетив кога ја средував статијата и јас имав двоумење, но според мене најдобро би било доколку во референца се наведе ова што го пишуваш, односно дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 17 градоначалници но ги има подржано независните кандидати во Скопје, Ѓорче Петров, Кичево, и Зелениково, а иста референца може да се направи и за СДСМ околу тоа колку тие сметаат дека освоиле и колку всушност освоиле. Неможам да најдам официјален податок за тоа кој колку освоил...--Тиверополник 23:12, 21 јуни 2016 (CEST) Оноре де БалзакОдлична работа Игор!--Kiril Simeonovski (разговор) 19:11, 24 јануари 2017 (CET) АдресаЗдраво Retrohead, мојата емајл адреса е tiveropolnik_mk@yahoo.com. Поздрав--Тиверополник 10:14, 31 јануари 2017 (CET) Ивана ТуфегџиќНема проблема, превео сам. ;) Lackope (разговор) 16:57, 25 февруари 2017 (CET) Населени места во Егејска МакедонијаОк, но сега ме мрзи, ќе ставам по крајот на натпреварот....--Тиверополник (разговор) 22:06, 17 март 2017 (CET)
Награда од уредувачки натпреварЗдраво Retrohead, дали некако може да се исконтактираме? да ми оставиш телефонски број или мејл адреса? Поздрав. Иван Ж (разговор) 10:52, 21 март 2017 (CET)
Николаj НосковЗдраво Драга Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на рускиот пејач Николај Носков и вашиот пејачка Елена Велевска? Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --92.100.19.122 (разговор) 11:24, 25 март 2017 (CET)
Jорданчо ВасилковскиДрага Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на вашиот композитор Jорданчо Василковски — Оцко? Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --178.71.173.61 (разговор) 15:45, 10 април 2017 (CEST)
СИЕ ПролетЗдраво Игор, морав вака да ја изразам мојата благодарност за помошта со забелешките кај секој од натпреварувачите во СИЕ Пролет. Особено потегот со знамињата, одлична идеја :) --Ehrlich91 (разговор) 18:35, 19 април 2017 (CEST) Преслава и АндреаДрага Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на бугарска пеjачка Андреа. Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --178.71.223.54 (разговор) 17:49, 27 април 2017 (CEST) VaderПостои статија Vader со пренасочување Vader (музичка група), така да нема потреба од бришење на разговорот, туку само тргнување на шаблонот што си го поставил за брзо бришење--Тиверополник (разговор) 00:11, 23 април 2017 (CEST) Претседател на СобраниеRetrohead а да почекаме официјализирање на изборот пред да направиме уредувачка војна? - Поздрав - Виолетова (разговор) 13:34, 29 април 2017 (CEST)
ТролувашАко не престанеш со своето тролување ќе побарам да те казнат... Меѓу другото... статиите не ти се умерени, односно две или повеќе гледишта, со други зборови правиш класична пропаганда...--Еден Македонец (разговор) 19:01, 2 мај 2017 (CEST)
не твоето да си го задржиш за себе... википедија нема место за политика... Кога се создава статија таа во најмала рака треба да одразува повеќе гледишта, односно користење на извори кои меѓусебе си противречат... На тој начине нема да има само едно гледиште... Ако се презентира само едно гледиште ст6анува збор за класична пропагнада. Било која статија може во помала или поголема мера да тежнее кон едно гледиште, меѓутоа тввојата статија за Упад во Собранието на Македонија (2017) е едно страна. На пример во мојата статија Тиранска платформа (2017) пишува дека таа е Платформата е контраверзна, има ставови дека е дело албанскиот премиер Еди Рама [5], оттука се толкува како вмешување на албнската влада во внатрешните работи на Република Македонија, од друга страна се истакнува дека таа е е мит креиран од македонските политичари... и двете гледишта ги има... --Еден Македонец (разговор) 19:13, 2 мај 2017 (CEST)
кои статии?--Еден Македонец (разговор) 19:21, 2 мај 2017 (CEST)
таа ја пишував на брзина... инаку на википедија имам 40 000 уредувања и повеќето статии се избрани --Еден Македонец (разговор) 19:26, 2 мај 2017 (CEST)
абе мешате политика на википедија... --Еден Македонец (разговор) 19:29, 2 мај 2017 (CEST)
е дрско безобразно и навредливо. Да не беше корисникот Македонците немаше што квалитетно да прочитаат за МРО и војводите. Да се смиреше малце? Гледам не си упатен многу многу со Вики-заедницата.--Никола Стоіаноски 19:50, 2 мај 2017 (CEST)
ОспореностЗдраво. Гледајќи ги оспорувањата на содржините, како администратор ставив ознака за оспореност на Упад во Собранието на Македонија (2017) и За заедничка Македонија и ги заштитив истите од уредување (по стандардна постапка) додека не се дојде до консензус за нивните содржини. Сите работи во врска со тоа треба да се дискутираат на страниците и да се постигне согласност во врска со НГТ, правилна застапеност на гледиштата и неизоставување. Ние сме енциклопедисти и не заземаме страни, туку во интерес на енциклопедијата мораме да разликуваме што е строго официјално, а што не, што е нечие мислење а што непобитен факт. Значи, како што реков, сите дискусии мора да се одвиваат на тамошните разговорни страници, па кога ќе се постигне согласност, тогаш да објавиме како што треба. Наше е да пренесеме што секој од чинителите рекол и направил, а не да тераме наратив. Да повторам, не станува збор на согласност на мислења, туку едноставно спроведување на споменатата чиста фактографичност од разни страни што ја налага енциклопедијата, особено кај вака чувствителни теми. Поздрав Б. Јанкулоски (разговор) 13:48, 6 мај 2017 (CEST)
БлагодарностВи благодарам на честитките, мило ми е што ти се допаѓаат сликите. Продолжуваме заедно понатаму:) Поздрав--Тиверополник 12:21, 11 мај 2017 (CEST) Е-пошта од менеИгор, дали го доби пишаното по е-пошта од мене? Чисто потврди ми дали си го добил тоа тогаш, за да знам да ти пишам таму уште еднаш нешто што мислам дека ќе биде соодветно и поделотворно за целава работа. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:35, 13 мај 2017 (CEST)
Re:За биографиитеЗдраво и од мене. Што знам што да кажам за ова. Според мене факт е дека имаме неажурирани безброј статии, не само за македонските министри, туку и за европските политичари, да не зборам за спортистите (фудбалери кои поминале во друг клуб или ко колку натпревари одиграл). Мислам дека може и по „мојот начин“ односно „моментален министер“ бидејќи не правам голема разлика, но може да се проба и со твојот предлог. Според мене нема разлика бидејќи доколку некој го министер забравиме во иднина (како што и овие се заборавени), ефектот би бил ист кога во статијата ќе му пишува дека бил поставен во 2017 година, а не е ажурирана статијата дека повеќе не е министер во 2019 година, на пример. Можеби треба да ги прашаш и другите поискусни. Во секој случај се согласувам како и да е. Според мене треба да направиме селекција меѓу нас уредувачите, и од прилика секој од нас да има некој вид на обврска да ги ажурура податоците на статиите. На пример ти да си за политичари, јас да сум за спортисти, некој друг да е за други функции и слично. Тоа повторно би било како проект во кој ќе може секој да се пријави и да каже за што би сакал да има поголема одговорност, но за сето тоа треба да се прашат и останатите. Поздрав--Тиверополник 22:07, 29 мај 2017 (CEST) ГомељОдлична работа Игор!--Kiril Simeonovski (разговор) 01:25, 6 јули 2017 (CEST) ЗаклучувањеГотово, но истата е заклучена за еден ден, доколку продолжи со исто темпо анонимниот корисник најпрвин ќе биде предупреден, а потоа (доколку продолжи) и блокиран. Поздрав Награда од уредвачки натпреварЗдраво Игор, сакам да те известам дека си добитник на втора награда на уредувачкиот натпревар за Африка. Наградата ќе можеш да ја подигнеш од утре во Сивус. Бидејќи ти го немам бројот, сменив апарат, пиши ми го на мејл: vanderzilson@gmail.com или јави ми се ако го чуваш мојот број за да се договориме околу примопредвање на наградата.(Иван Ж (разговор) 12:02, 30 август 2017 (CEST)) Уредувачки МаратонПочитуван Дејан, Би сакале да ве поканиме на третиот Уредувачки маратон, организаран од страна на Споделено Знаење- Скопје. ![]() Во рамките на заедничкиот проект помеѓу Викимедија Бразил и Споделено Знаење- Викимедија Македонија во чии рамки се одржува изложбата на фотографии насловена: „Бразил низ фотографии пред очите на Македонската јавност“, на 14 октомври (сабота) 2017 година ќе се одржи третиот уредувачки маратон во просториите на изложбениот салон „Јавна Соба“ во Скопје со почеток од 10:00 часот. Темата ќе гласи „Бразил“, каде што би се опфатиле теми од географијата, историјата, спортот, културата, економијата и други области, а истиот ќе трае околу четири часа. Поздрав (Иван Ж (разговор) 10:58, 10 октомври 2017 (CEST)) Проверка на страницитеИгор, кога проверуваш и одобруваш статии, тоа треба да го правиш на вистинскиот начин. За да не објаснувам, како може статијава Елмедин Адеми, а ова не е прв пат, да видам како е одобрена од твоја страна, иако статијата не ги задоволува основните стандарди, најпрвин за да постои, потоа со неразбирлив текст, исполнета со грешки. Во ваков случај, статијата најмалку требало да се обележи со шаблон за внимание, а јас сметам дека не треба ни да постои. Би те замолил за твое поголемо внимание во иднина. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:53, 11 октомври 2017 (CEST)
драги Retrohead! може ли да најдете постер на филмот Херој (филм од 1983)? Ти благодарам! --188.170.73.38 (разговор) 12:10, 27 октомври 2017 (CEST) Уредувачки викенд „Градоначалници во Македонија (2017-2021)“Здраво Игор. Сакам да те известам дека закажав уредувачки викенд на тема „Градоначалници во Македонија (2017-2021)“ којшто ќе се одржи во периодот од 2-3 декември 2017 година. Се надевам дека дотогаш ќе бидат објавени биографиите на голем број градоначалници и со тоа ќе имаме доволно материјали за уредување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:49, 15 ноември 2017 (CET)
Здраво Игор. Успеав да направам 10 збирки од по 5 статии за уредување, во кои ги вклучив градоначалниците на 10-те градски општини во склоп на Град Скопје, на 34-те урбани општини и на Општина Дојран (иако се води како рурална општина, Дојран е историски град и се вбројува меѓу триесет и петте града според последниот успешно спроведен попис во 2002 година). Можам да заклучам дека за овие градоначалници имаме 11 постоечки статии, од кои некои се и во добра состојба. Ќе те замолам ако може да провериш и да одлучиш дали и кои статии да бидат отстранети и заменети со нови или да останат за дополнување и подобрување. Јас во меѓувреме ќе објавам јавно соопштение. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:18, 1 декември 2017 (CET)
Уредувачки натпревар за вулканиЗдраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET) |
Portal di Ensiklopedia Dunia