Разговор со корисник:SmartM&M/Архива2Шаблон за Хари ПотерЕј, треба да направиме еден шаблон за Хари Потер. Има многу статии, а нема шаблон. Dav 17:45, 18 август 2008 (UTC) Извршено!!!--Макс(разговор) 17:40, 20 август 2008 (UTC) Не беше посочен извор за Слика:Britney-spears.jpg![]() Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Britney-spears.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права. Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите. Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 00:13, 27 август 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 00:13, 27 август 2008 (UTC) За сликитеЗдраво SmartM&M. Ако може би те замолил да даваш опис на сликите коишто ги симнуваш, а посебно обрни внимание на ставањето извор. Ја прочитав препораката која ти ја дал Brainmachine и сметам дека е на место. Ако не, би можеле да имаме проблеми во заедничката ризница. Молам за разбирање. Поздрав.--Kiril Simeonovski 10:00, 4 септември 2008 (UTC) Иницијатива
--MacedonianBoy (разговор) 18:48, 16 септември 2008 (UTC) За Очајни ДомаќинкиШто е проблемот?? Davidk (разговор) 21:49, 30 септември 2008 (UTC) Здраво За Очајни ДомаќинкиЗдраво. Многу фала за советите и да, би сакал да бидам редовен уредувач на статии на Википедија, особено за Очајни Домаќинки. Еве нешто за сликите: Јас на страната за Кетрин Мејфер го копирав текстот за слика од англискиот јазик но сепак не сакаше да се појави и обавезно ќе пробам да подигнам друга слика. Благодарам и за објаснувањето за полето за опис, отсега ќе го пишувам описот за тоа што сум го напишал и уште еднаш благодарам. Davidk (разговор) 17:30, 1 октомври 2008 (UTC) Здраво За Очајни ДомаќинкиВака. Подигнав слика и не знам како да ја ставам на страницата за Кетрин Мејфер! Davidk (разговор) 17:48, 1 октомври 2008 (UTC) БлагодарамБлагодарам, брат. Морам да признаам дека искуството не игра голема улога кога соработката и пријателството е големо. Во селската чешма веќе предложив да се организира една вики средба, но не знам што ќе испадне. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:23, 23 октомври 2008 (UTC) Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:03, 28 октомври 2008 (UTC) Иницијатива 22,222
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC) Пранасочување и преместувањеТе молам не го користи табот „премести“ за да правиш пренасочувања. Ако на пример создадеш статија Вовед во анатомија, а сакаш „Grey's anatomy“ да води до статијата под наслов „Вовед во анатомија“, не ја преместувај страницата „Вовед во анатомија“ во „Grey's anatomy“, туку отвори ја страницата Grey's anatomy и во табот со копчиња кога уредуваш кликни на Иницијатива за квалитетни статии
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:50, 13 декември 2008 (UTC) Иницијатива 25.000
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:50, 13 декември 2008 (UTC) Квалитетни статииЗдраво, Макс. Благодарам на твојата желба за помош. Всушност, ВикиПроектот Квалитетни статии, не е ништо друго освен збир на совети кои треба да ги знаат корисниците на Википедија нам македонски јазик при проширувањето на статиите и нивното номинирање за избрани и сл. Овој проект, заедно со ВикиПроектот Нови статии, треба да ја заживеат активноста на Википедија на македонски јазик во скора иднина, со огромен број на нови статии и голем број на статии со одличен квалитет. Најпрвин сметам дека е најпотребно да се подобри квалитетот на географските статии. Тие се најбарани, а на мк.Вики воопшто не даваат информации. За таа цел, имаме ВикиПроект Географија. Имаме и многу други проекти. На другите Википедии конкретно нема вакви проекти, но има слични. На српската, како некои супститути би можеле да бидат sr:Википедија:Један чланак дневно и sr:Сређивање чланака, sr:Тематски тимски пројекти е нешто како листа на сите проекти по одредени области. Кај анс таквите ВикиПроекти се да дени на Википедија:Портал. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:42, 13 декември 2008 (UTC) ТранскрипцијаЗдраво Макс. Драго ми е што се интересираш за правилното пишување на енциклопедијава. Сепак не можеме да бидеме конкурентни без да се водиме по нормите утврдени во литературниот јазик. Правилата за запишување на странски поими се следниве. Кога се работи за установи (универзитети, болници, музеи, владини агенции и тн.) тие секогаш се преведуваат најсоодветно на македонски, или (во поретки случаи) барем се транскрибираат на македонска кирилица. Но важно е да се напомене дека треба да се води сметка дали оригиналниот назив е придавен или само именски. Во некои јазици, а особено во англискиот, при пишувањето оваа разлика не се прави, туку се подразбира од контекстот. Затоа е важно да се обрати внимание. Еве пример: Cambridge University се предава како „Кембрички универзитет“ затоа што, во овој случај, Cambridge е всушност придавка (присвојна), во смисла дека универзитетот се наоѓа во градот Кембриџ. Меѓутоа во примери како Harward University, „Harward“ е тука само именка, и затоа се преведува како Универзитет Харвард, или пак, за енциклопедиски цели, на Википедија би советувал статијата да стои како „[[Харвард (универзитет)]]“. Во трет случај пак, каде е јасно дека установата е именувана по некоја личност, тогаш би било: Darwin Institute - „Дарвинов институт“. Имињата на фирмите, марките и производите се оставаат во оригинално писмо и јазик. Истото важи и за имиња на музички групи и нивни нумери (иако за нумерите пожелно е во заграда до до нуметара да стои македонски наслов). Јас порано самиот имам застранувано од ова правило, кога се работи за имиња на фирми, но во последно време си ја исправив таа навика. Се надевам дека ти ги одговорив сите прашања јасно и подробно. Доколку во ова не сум успеал во полност, слободно прашувај ме за сето она што не ти е јасно или ти се чини сомнително, и со задоволство ќе ти одговорам. Поздрав и пријатно уредување! --Б. Јанкулоскиразговор 02:08, 14 декември 2008 (UTC) Брзо бришењеЗдраво, Макс. Гледам дека добро се грижиш за статиите кои треба брзо да се избришат и го поставуваш потребниот шаблон. Но, навистина доколку има шанси статијата малце да среди и доведе до никулец или пак нешто да се промени, подобро би било тоа да се направи, отколку статијата да се предложи за бришење. Исто така ако видиш некоја добра статија напишана на латиница, но на македонски, за тоа имаме програмче за транскрипција од латиница на кирилица. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:58, 22 декември 2008 (UTC) Иницијатива за градови во Македонија
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:31, 30 декември 2008 (UTC) Подигнувања на филмски постери и снимки од екранотКога ќе подигнеш слика која претставува филмски постер (плакат), уреди ја и во неа внеси го овој код: {{subst:ф_постер|(Име на статијата)|(Извор на сликата)}} На пример за филмот Самрак (филм од 2008): {{subst:ф_постер|Самрак (филм од 2008)|http://www.cinematical.com/2008/10/06/exclusive-brace-yourselves-ladies-the-final-twilight-poster/}} Ако пак подигнуваш скриншот (снимка од екранот) од некој филм, направи го истото, но овој пат, наместо subst:ф_постер ќе ставиш subst:ф_скриншот. Од денес подигнувањето на датотеки на македонската Википедија ќе оди преку малку поинформативен формулар. Само стрпливо следи ги упатствата и сѐ ќе биде ок. Поздрав, Brainmachinewtf? 19:59, 6 јануари 2009 (UTC) ПаркурГотова е статијата, ете не ја избришавме, сепак благодарам на тоа што ни посочи. Еве ѕирни ја дали сега има смисла (иако е само никулец). Ако наидеш на нешто друго што е за бришење, ставај шаблон. Поздрав. --√ гитардэмон √ говори со мной √ 13:27, 19 јануари 2009 (UTC) За транскрипциитеГо прочитав тоа што те мачи, и јас како лектор имам нешто околу тоа да кажам: не полудуваш само ти со таквите термини - сите полудуваат! :) Најчесто се остава транскрипција - односно со кирилица напишано, како на пример: „Њујорк Тајмс“, „Холивуд Репортер“ и сл., а оригиналот може да стои само во загради или во фуснота (ова зборувам за текст во книги и весници). Бидејќи овде имаме можност - убаво е да се стават пренасочувања, значи кога некој ја бара статијата во оригинал - да може да ја најде. Пример, ако истипка на `пребарувачот` New York Times, и тоа да го одведе до статијата. Оние пак поими кои се ептен одомаќени како превод - се ставаат како превод. Муабетот ми е - не се преведува сè. Поздрав -- Виолетова 14:02, 19 јануари 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia