Разговор со корисник:SmartM&M/Архива5
Во врска со наградатаФала многу за наградата, навистина многу ми значи:)))). Исто така фала многу за шаблоните за државите, и да ти се пофалам и јас го направив првиот шаблон за Габон, така да нема повеќе да те гњавам за тоа, ама не се опуштај многу, сигурно ќе најдам некоја причина за да гњавам, хехехе. Голем поздрав и фала уште еднаш:). --MrBones (разговор) 21:48, 9 август 2009 (UTC)
За номинирање на статијаЗдраво, сакав да те прашам дали може јас на пример да номинирам некоја од статиите што сум ги направил (во случајов зборам за Дида или пак за Херберт Килпин која што е поголема од било која статија за човеков на сите википедии) или пак треба некој друг да ги номинира. Исто така не знам дали се номинираат и статии за живи луѓе или пак статии во област на спортот. Па пиши ми. Поздрав --MrBones (разговор) 09:14, 17 август 2009 (UTC)
Ај провери случајно да не има и микросам академија 7 и 8? Да ти појаснам малку овие 8 корисници всушност се 8 групи составени од 3 или 4 членови. Сите тие се членови на „Микросам Академијата“ односно на „Клубот на талентирани средношколци на микросам“. Како идеа ни беше предложено (од нашиот професор) да ја збогатиме википедиа на македонски јазик, но бидејќи никој до сега не беше член на википедиа не знаеме како навистина би требало да изгледаат статиите (а не ни обрнавме внмание да видиме) и затоа мислам дека треба малку да ни помогните околу тоа а не само критики да читаме од ваша страна. Поздрав Mikrosam Akademija 2 (разговор) 13:23, 18 август 2009 (UTC)
Вики средбаЗдраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:05, 24 август 2009 (UTC) Човечки папилома вирусЗдраво Макс. Ќе те замолам ако маш време деновиве среди ја статијата која е кандидат за избрана. Јас веќе ги замолив другите барем да ја прочитаат, но никој не го стори тоа. Статијата е преполна со непреведени изрази и грешки, па мислам дека оваа статија, иако е долга не заслужува да биде без шаблонот внимание, а не па да биде избрана. Јас нема да бидам во Скопје и најверојатно нема да имам пристап на Интернет. Инаку, веќе објавив статија на Главната страница, за идната недела, а тоа е статијата Галија (брод), па така Главната страница е заштитена од евентуалната појава на извадок од оваа статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:33, 27 август 2009 (UTC)
Сирак (како социјален статус) & Сирак (житна култура)Здраво! : ) Да, секако дека се сеќавам на тебе : ) Мислам дека подобро е растението да си биде Сирак (житна култура), додека социјалниот статус сирак е почесто употребуван во македонскиот јазик, и затоа треба да си остане како што е. Што значи - сè си направил добро. Поздрав и продолжи со добрата работа! Бојан имаш за кажување? 17:59, 29 август 2009 (UTC) Презакажана Вики средбаЗдраво. Ве известуваме дека Вики средбата е презакажана за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате. Сепак, без оглед на Вашата одлука, Вашето присуство или отсуство може да го потврдите овде, а може да оставите и дополнителен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 31 август 2009 (UTC) Вики средбаЗдраво. Ве известуваме дека на 1 октомври, со почеток во 16:00 ќе се одржи Вики средба, на која Вашето присуство може да го најавите овде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:19, 26 септември 2009 (UTC) Се надевам дека ќе можеш да дојдеш.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:09, 27 септември 2009 (UTC) Re:ВековиЗдраво и од мене, знам дека скоро можеби никога не сме си пишувале, ама еве ти го скрши ледот. Види сега шо ќе ти речам. Јас најискрено многу не ме бидува за правопис... На оваа википедија сум веќе 2.5 години и имам напишано незнам колку статии во кои се употребуваат векови. Јас секогаш користам бројки, како на пример 1 век, 2 век или Категорија:1 век во христијанството и мислам дека така е правилно. Ако има уште нешто слободно пити. Поздрав--Астрион (разговор) 16:25, 23 октомври 2009 (UTC)
КвидичАбе, мислев да ја преименувам статијата квидич во метлобој, за да биде по-македонски. Гледам ти почна да ја правиш таа статија па сакам да те прашам ти што мислиш. -- dav(разговор) 17:33, 13 декември 2009 (UTC) Long time no see! Одамна не сме збореле! Како си! :) Инаку знаеш не е првпат да разговараме за ова, така што знаеш дека секогаш се мачам за тој превод веќе. Исто е со ова, во сите 6 дела е квидич, во кецот освен на некои места по грешка е метлобој, народот вака исто ко метлобој го знае, а и поблиску до оригиналот е... така што! Знаеш џабе ме прашуваш тоа е, не е како ние сакаме туку како е општо познато и прифатено. Не сум фатил сериозно да седнам на Википедија, онака ја отворив таа страна, ама еве иде распуст па еднаш засекогаш ќе се договориме како што ќе биде... --Макс(разговор) 15:09, 15 декември 2009 (UTC) Rated RЗдраво Макс. Извини, но морав да го избришам твојот коментар во кандидатурата за статијата Rated R, бидејќи статијата е веќе прогласена за избрана, а со тоа и затворена од понатамошни коментари. Статијата имаше проблем со правописни грешки и несоодветни зборови, но јас ги поправив, а гледам дека додатно е додадена уште една нова секција. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:03, 15 декември 2009 (UTC) Предновогодишна Вики средбаЗдраво. Сакам да Ве известам дека во вторник, 29 декември 2009 во Скопје ќе се одржи Вики средба на која ќе бидат разгледани случувањата во 2009 и ќе се изнесат сите коментари, предлози и очекувања во новата 2010. Доколку сте заинтересирани да присуствувате, Вашето присуство може да го потврдите на соодветната страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:30, 25 декември 2009 (UTC) ПатролирањеЕве јас да се умешам па ќе ти дадам линк. Види ова, тоа е патролирање и статијата не е патролирана затоа ти се појавува тоа, нема врска со новиот стил. Поз--Никола Стоіаноски 19:11, 5 јуни 2010 (CEST) Вики средбаЗдраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 28 јули 2010 (CEST) Номинација за оценувачЗдраво Макс. Штотуку Ве номинирав за оценувач. Кандидатурата може да ја прифатите на соодветната страница. Многу успех и поголема активност во иднина.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:39, 10 октомври 2010 (CEST)
Кандидатурата содржи неколку прашања кои мора да бидат одговорени. Ќе те замолам ако може што е можно поскоро да ги пополниш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:54, 10 октомври 2010 (CEST) Лидери по годинаЗдраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 12 октомври 2010 (CEST) ЧеститкиЗдраво Макс. Твојата кандидатура за барање оценувачки права е успешна и во секој миг ќе станеш оценувач. Честитки од мене и ти пожелувам многу успешни уредувања и поголема активност во иднина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 17 октомври 2010 (CEST) Оценувачки алаткиЗдраво Макс. Разлика меѓу обичен уредувач и оценувач постои и не е толку незначителна како што изгледа на прв поглед. Забележав дека си запознаен со улогата на кутијата во долнит дел и ознаките за одобрување на корисничките уредувања, па мислам дека нема да биде сложено да ти објаснам. Имено, по секое корисничко уредување, прмената во статијата не му е достапна веднаш на читателот на статијата, бидејќи е означена како „промена во исчекување“. Со тоа, груб вандализам не може да се појави пред читателот на статијата, сè додека уредувањето не биде одобрено. Одобрувањето, како што знаеш го вршат оценувачите, па оттаму и потребата оценувач да биде искусен корисник кој има за цел да може да ги потврдува уредувањата на корисниците, означувајќи ги како добри, одлични или несоодветни. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:02, 28 октомври 2010 (CEST)
10 години Википедија
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:08, 13 јануари 2011 (CET) Шагринска кожаЗдраво Макс. Постојано следев како ја надополнуваш статијата и навистина го ценам тоа. Планирав на неколку наврати да ја кандидирам, но ти ме претркуваше со нови надополнувања и подобрувања. Во последно време, повеќе работам околу мотивирање на сите корисници да уредуваат статии кои ќе станат избрани. Така на пример, започнав со доделување на еден вид награди за корисниците кои имаат придонес во врска со најновите избрани статии, во кои се наведува придонесот на односниот корисник (на пример види на страницата за разговор со корисникот Ajta). Со ова, се надевам дека правилно ќе се вреднува трудот на секој и ќе се оддава мал знак на внимание кон сите значајни придонеси. Во секој случај, можам да ја отповикам кандидатурата и ти да ја предложиш ако сакаш. Со тоа, доколку канндидатурата биде успешна, дополнително ќе биде наведено и дека си ја номинирал статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:27, 10 март 2011 (CET) Шагринска кожаОдлична работа! Ова не е ништо во поглед на вложениот труд.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:49, 13 март 2011 (CET)
FringeБаш ми е мило што има уште некој што ја гледа оваа серија. Инаку планирав да ја проширам статијата, па ќе видиме. Патем, како фан на серијата, веќе ги имам сите епизоди од Фринџ, добра серија е :) Позз--Никола Стоіаноски 22:41, 29 март 2011 (CEST)
Македонски Идол (1 сезона)Уживај брате, слободно можеш да ја преведеш, не се лутам хехе. Туку треба да ја допишам, нешто во последно време бев зафатен, па последните гали ги нема, но ќе ги допишам, а ти преведувај слободно. Мене ме нервира што на македонската википедија нема ниедна врска (односно страница) за песните, па би испаднала целата црвена, со исклучоци :P. Поздрав Tомица1111 (разговор) Покана за Вики средба
--Kiril Simeonovski (разговор) 03:29, 4 јуни 2011 (CEST) Јубилејна статијаЗдраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:38, 2 октомври 2011 (CEST) Прашање!Здраво Макс! Во страницата создадена за кандидатството на статијата „Лара Крофт“ за избрана статија споменувате дека зборот „ограбувачка“ го нема во нашиот јазик, па веројатно затоа како таков секакво негово користење е грешно и непотребно. Ако е така, ќе ве замолам да ми кажете и насочите, бидејќи правилното пишување и говорење ми се многу важни. Пред сè, сакам да не ме осудувате толку брзо бидејќи навистина многу се трудев да се приспособам на критериумите на Википедија. Вие со Вашата критика, можам слободно да кажам, само ме оттргнавте од желбата да напишам нова или да учествувам во пишувањето на некоја постоечка статија на македонската Википедија, којашто би можела да ја има секоја помош што ѝ се пружа. Секако, можеби имате статии со одлични квалитети, ама дека правите новите членови да се чувствуваат добредојдено и удобно, тоа сигурно не. Барем, можам да го кажам ова од мојава гледна точка. Никако немојте да мислите дека Вашиот исказ сум го сфатил лично, ниту пак дека ова е напишано од лутина и неприфаќање. Сепак, ова е само моето лично мислење. Сè убаво, --Иван Кичуков 00:41, 21 ноември 2011 (CET). Гласање за јубилејна статијаЗдраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:30, 11 декември 2011 (CET) Седмична работаЗдраво Макс. Иако подолго време не си активен на Википедија, знаејќи го твојот став кон многу работи во врска со Википедија, решив токму тебе да ти се обратам околу воведувањето на работа на седмицата на Википедија на македонски јазик. Проектот би требало да започне на почетокот од 2012 и има за цел да се поврзе трудот на повеќе корисници, кои во рок од една седмица се очекува да работат на дадена тема, со цел да ги постигнат претходно зацртаните цели. Се надевам дека ќе ти се допадне и очекувам доколку можеш поактивно да се вклучиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:08, 20 декември 2011 (CET) Статии за уредувањеЗдраво Макс. Ме интересира дали си заинтересиран да продолжиш со уредувањето на Википедија на македонски јазик. Знам дека Википедија не е за никого иедална, но барем постои можност да се прилагодиме на сето она ѓто се случува на неа. Се сеќавам дека твоите последни уредувања беа за книги од француски писатели од времето на романтизмот, па би сакал да ти предложам да се направи еден проект во рамките на кои ќе се стремиме да го зголемиме бројот на статии за познатите книжевни дела. Те молам одговори штом прочиташ. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:56, 28 декември 2011 (CET) Јубилејна статија (55.000)Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:24, 20 март 2012 (CET) 56.000 статииЗдраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:11, 5 јуни 2012 (CEST) |
Portal di Ensiklopedia Dunia