Ракометна спортска сала Духаил
Ракометна спортска сала Духаил — затворена спортска сала во главниот град на Катар, Доха. Изградена е со цел да биде домаќин на Светското првенство во ракомет за мажи 2015.[1] СоздавањеАрената била изградена за само 13 месеци на површина од 40.000 м2 и во јули 2014 година била скоро готова. Важи за зелена градба и биле користени најнови технологии.[2] На 7 септември 2014 била официјално отворена.[3] КористењеКомплексот ќе се користи за натѕпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи 2015 во Катар и по првенството ќе припадне на Катарската ракометната федерација. Ќе биде тренинг центар за ракометната репрезентација на Катар за мажи и жени, како и административните и медиумските простории на федерацијата.[2] Во рамки на комплексот припаѓаат две помали сали со по 500 места секоја, 60 соби за спиење за играчите, 25-метарски базен, како и медицински центар.[4] Наводи =
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia