Ракописот на Чанселор
„Ракописот на Чанселор“ е роман од 1977 година, напишан од американскиот писател Роберт Ладлам, за “наводните“ тајни досиеја на Џ. Едгар Хувер и како тие исчезнале по неговата смрт и како е можно да се искористат да натераат луѓе на угледни места да работат за оние кои ги знаат тајните на досиејата. Исто така, шпекулира дека Хувер можеби бил убиен бидејќи знаел премногу за премногу погрешни луѓе. РезимеВо приказната, Питер Чанселор, успешен автор на политички трилери, пишува фиктивно дело кое премногу личи на замислата дека луѓето кои ги поседуваат досиејата, група наречена Инвер Брас во романот, можат да одлучат дека некој друг можеби знае премногу. Ова ја поставува сцената за интернационата интрига која следува. Интересен фактНа крајот, Ладлам го остава читателот замислен дали тој, а не Питер Чанселор, протагонистот во приказната, знаел за заверата. |
Portal di Ensiklopedia Dunia