Рамбо Амадеус![]() Рамбо Амадеус (роден 14 јуни 1963 во Котор, Црна Гора) е псевдонимот на црногорскиот пејач и текстописец Антоније Пушиќ. Себеси се гледа како музичар, поет и медиски манипулатор, а се нарекува "Рамбо Амадеус светски мега цар" (RASMC). Рамбо Амадеус е многу познат на музичката сцена на поранешна Југославија. Неговата музика е измешана од повеќе стилови: Џез и Рок, а во некои песни има додадено и "Drum and bass" позадини. Името "Рамбо Амадеус" доаѓа од John Rambo и Wolfgang Amadeus Mozart. Настапите на Рамбо Амадеус се секогаш во живо и содржат голема импровизација и хумор од сите аспекти на животот. Дел од неговите обожаватели го споредуваат со Frank Zappa и Captain Beefheart. ЖивотописАнтоније дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Белград, на отсек туризмологија. Пред да започне со музичката кариера бил повеќекратен првак во едрење. Помеѓу 1972 и 1984, ја претставувал Југославија на неколку интернационални натпревари во едрење. Рамбо почнал да пее и да импровизира со музиката уште од почетокот на неговото средно образование, при тоа се приклучил кон бендови од Херцег Нови и Подгорица. Во 1985 се преселува во Белград каде што продолжува со школувањето, а паралелно се унапредува во музиката, со настапи и свирки со локалните бендови и музичари. ДискографијаСвои албуми "О туго јесења“ (ПГП-РТБ, 1988.)
Рамбо Амадеус и пријателите „Микроорганизми“ (Комуна, 1996.) - Рамбо Амадеус и Горан Вејвода
Компилации „Изабрана дела 1989-1994“ (ПГП-РТС, 1994.)
Албуми од други артисти во кои има учество „КСТ уживо“ (КСТ, 1992.) - во живо
|
Portal di Ensiklopedia Dunia