Рамуш ХарадинајРамуш Харадинај (албански: Ramush Haradinaj), Глоѓане кај Дечани, 3 јули 1968) - поранешен герилски водич на ОВК и поранешен премиер на Косово. Обвинет е за воени злосторства врз Србите за време на Косовската војна. ЖивотописХарадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. По демонстрациите на Косовските Албанци, во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997 година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia