Растко Петровиќ

Растко Петровиќ
Роден 3 март 1898
Белград, Србија
Починал 15 август 1949
Вашингтон, САД
Националност Србин
Занимање писател, дипломат, поет, есеист, критичар

Растко Петровиќ ( 3 март 1898 - 15 август 1949) — српски писател, поет, раскажувач, писател, есеист, сликар и дипломат. Се занимавал со ликовна и книжевна критика.[1][2][3][4]

Животопис

Гробот на Растко Петровиќ

Растко Петровиќ е роден на 3 март 1898 година во Белград како деветто дете на таткото Димитрија, историчар, и мајката Милева, наставничка. Растко бил помлад брат на познатата сликарка Надежда Петровиќ. Бил крстен на 5 јуни во црквата Свети Марко во Белград. Негов кум на крштевањето бил новосадскиот писател и раскажувач Јаша Томиќ.

Растковото семејство било многу угледно и почитувано во Белград. Неговата родна куќа била урната за време на бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година. Растко во детството останал без мајка си, и за него се грижеле неговите сестри. Во периодот од 1905 до 1914 година го завршил основното училиште и и пониските класови на гимназијата. За време на Балканските војни, во 1912 година, го прекинал гимназиското образование во Белград. Како незавршен средношколец заминал на фронтот, заедно со српската војска ја преминал Албанија, а оттаму во Франција, каде што завршил средно училиште. Во Ница матурирал, и како стипендист на француската влада, студирал право во Париз. Таму се дружел со многу поети и уметници. Пишувал поезија, раскази и впечатоци на уметнички изложби и нив ги објавувал во Србија.

Творештво

  • Збирка песни „Косовски сонети“ (стихозбирка, Крф, 1917)
  • Роман „Бурлеска на господинот Перун, богот на громот“ (роман, Белград, 1921)
  • Збирка песни „Откровение“ (стихозбирка, Белград, 1922)
  • Роман „Со немерливи сили” (роман, Белград, 1927)
  • Патопис „Африка“ (патопис, Белград, 1930)
  • Роман „Луѓето зборуваат“ (роман, Белград, 1931)
  • Роман „Шестиот ден“ (роман, Белград, 1961).[5]

Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека Петровиќ успеал да го оствари највисокиот идеал на надреализмот — потполна слобода и спонтаност на поетскиот говор. Неговата поезија е силна, незауздана, страсна, целата изградена од ексламации и крици, беспоштедно отворена и бесрамно телесна, сурова и невина во исто време. Неговара безгранична верба во неприкосновеноста на поетската инспирација понекогаш го наведувала да го занемари јазичниот и уметничкиот труд поради што неговите стихови често се составени од несмеасни, јазлести реченици низ кои читателот тешко се пробива, но во кои се чувствува силен, вистински поетски темперамент. Според Мишиќ, Растко Петровиќ е носител на најсовремените и најоригиналните преокупации во српската поезија меѓу двете светски војни. Песните од збирката „Откровение“ претставуваат можеби единствениот пример во светската модерна книжевност на поезија инспирирана од траумата на интраутеринскиот живот. Песната „Патник“ е најживописниот облик, напишан на српски јазик, на скитничкиот занос од испреплетеноста на егзотиката и градскиот живот, а „Ѕверства“ претставува дива поетска езгалтација на нагоните и на болното сознание дека низ нив не може да се дојде до „вонмускулните екстази“.[6]

Наводи

  1. Лазар Трифуновић, Српска ликовна критика, Српска књижевна задруга, Београд, 1967
  2. Владимир Розић, Ликовна критика у Београду између два рата 1918-1941, Југославија, Београд, 1983
  3. Растко Петровић, Есеји, критике, едиција Српски критичари, 5, приредила Радмила Матић-Панић, Музеј савремене уметности, Београд. 1995. ISBN 978-86-7101-103-7.
  4. Растко Петровић, Избор, I, 1919-1924, Српска књижевност у сто књига, књ. 68, Матица српска, Нови Сад, Српска књижевна задруга, Београд, 1958
  5. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 166.
  6. Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 194.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya