Ратко РадовановиќРатко Радовановиќ (Невесиње, 16 октомври 1956) е поранешен југословенски кошаркар, а потоа и претставник на кошарка. КариераРадовановиќ е роден во Невесиње, но израснал во Никшиќ.[1] Во својата одлична кариера, тој бил член на Босна, Стад Франс од Париз и Венеција. Со Босна освоил три титули во Југословенското првенство и Куп на европски шампиони во 1979 година. За екипата на Сараево, тој играл околу 500 натпревари и постигнал околу 10.000 бода. Во 1980 година тој бил прогласен за најдобар спортист на Босна и Херцеговина. Тој играл два натпревари за репрезентавијата на Европа на 26 и 28 јуни 1979 година. Ратко Радовановиќ имал брилијантна кариера во репрезентацијата на Југославија. За "сините" играл 205 натпревари и постигнал 2175 бода. Со репрезентацијата на Југославија освоил сè што може да се освои. Тој ги освоил златните медали на Балканот, Европа, светот и олимпиското злато. Освои лвкупно 9 медали од Олимписките игри, Светското и Европското првенство. Дражен Далипагиќ (12), Драган Кичановиќ и Владе Дивац (10) освоија повеќе медали. Долги години работел како спортски директор на КК ФМП Железник. УспесиКлупски
Репрезентативни
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia