Рафаел КарераХосе Рафаел Карера и Турсиос, (24 октомври, 1814 - 14 април 1865) бил Гватемалски војник и државник, првиот претседател на Гватемала. БиографијаНеписмен, но интелигентен, тој станал водач на востание против Федералната Република на Средна Америка. Поддржан од конзервативните фракции, ја презел контролата над поголемиот дел од Гватемала во 1838 година. Претседателот на федерацијата, Франциско Моразан не можел да го фати својот противник, а сепаратистите се прошириле во Никарагва, Хондурас и Костарика, како вовед во општата граѓанска војна и распадот на Федерацијата. Карера бил избран за претседател на својата земја во 1844 година. Тој владеел на диктаторски начин, потпирајќи се на големите земјопоседници, конзервативците и свештенството. Бил прогласен за доживотен претседател во 1854 година, задржувајќи ја власта до неговата смрт во 1865 година. Неговото ривалство со претседателот на Ел Салвадор, Херардо Бариос, во 1863 година резултирало со војна меѓу двете земји. Карера доживеал тежок пораз кај Коатепеке. Примирјето што следело било краткотрајно. Непријателствата се прошириле, при што Хондурас застанале на страната на Ел Салвадор додека Никарагва и Костарика застанале на страната на Гватемала. Конечно Карера излегол како победник од конфликтот, го окупирал Ел Салвадор, па дури и ја проширил својата доминација над Хондурас и Никарагва. До својата смрт тој одржувал пријателски односи со европските народи. Негов наследник бил генералот Висенте Черна Сандовал, кого Карера сам го препорачал пред неговата смрт. |
Portal di Ensiklopedia Dunia