Рационални очекувањаРационалните очекувања во новата класична макроекономија се однесуваат на современата конфронтација во макроекономијата на релацијата помеѓу новата класична макроекономија и новата Кејнзијанска економија. Новата класична макроекономија е школа која што потекнува од неолиберализмот и израснува врз традициите на модернизмот. Таа претставува посебна макроекономска школа која што го релалативизира значењето на модерните фактори за економијата, кои можат да бидат причина за бизнис циклуси само во услови на модерното изненадување. Адаптибилни и рационални очекувањаШто се однесува до очекувањата коишто имаат фундаментално значење во макроекономијата, денес современата економска теорија распознава два основни вида на вакви очекувања:
Хипотеза за рационални очекувањаЗа новата класична макроекономија е значајно и тоа што антиципирањето на иднината го врши врз основа на рационалните очекувања. Како најзначајни претставници на новата класична макроекономија во САД се споменуваат професорите Роберт Лукас и Томас Сарџент, додека во Велика Британија најзначаен во новата класична макроекономија е професорот Патрик Минфорд. Сепак како вистински творец на хипотезата на рационалните очекувања се смета Џон Мјут. Тој ја формира хипотезата на рационалните очекувања во својата позната статија од 1961 година „Рационалните очекувања и теорија за движењето на цените“. Сублимирано неговата хипотеза гласи вака :
Хипотезата на рационалните очекувања математички може да се формулира на следниот начин :
По Мјут хипотезата на рационалните очекувања се развива неверојатно брзо. Во раните седудесетти години следат придонесите на Лукас, Сарџент, Валтерс и Блек. Кон крајот на седумдесеттите оние на Милфорд, Бел и Бинстук, Дорнбуш, Фелпс и Тејлор, а во раните осумдесетти на Лонг и Плосер. Сите тие развивајќи го концептот на рационалните очекувања, го применуваа во моделите кои го објаснуваа начинот на функционирањето на одделни сегменти на економијата или пак на економијата во целина. Во овој контекст секако најзначајни се придонесите на Лукас и Сарџент, водачите на новата класична макроекономија, кои увидувајќи го големото значење на рационалните очекувања го развија концептот до фаза на негова практична применливост во економските модели и од него извлекоа значајни консеквенци за начинот и брзината на урамнотежувањето на пазарите, за интеракцијата на релација економска политика на Владата и формирање и формирање на очекувањата. Битни одлики на хипотезата за рационалните очекувања се:
Практична применаРоберт Лукас ја откри вистинската вредност на рационалните очекувања и нивната практична применливост. Лукас тврди дека економската политика што ја спроведува владата има силно влијание врз начинот на формирањето на очекувањата во економијата. Но, според Лукас, конвенционалните методи на оцена на економските политики не даваат одговор на прашањето како промените во политиките влијаат врз самите очекувања. Ова е сублимат на т.н. критика на Лукас, која има три значајни аспекти:
Врз основа на теоријата на рационалните очекувања се појави школата на новата класична макроекономија и таа се темели врз два основни постулати и тоа:
Од причина што оваа макроекономија претпоставува дека со помош на флексибилност на цените и платите економијата може да се доведе до состојба на целосна вработеност, школата се нарекува класична, бидејќи слично на класичната економија, тврди дека цените на добрата и услугите и на платите се флексибилни нагоре и надолу. Таквата флексибилност на платите и цените ја води економијата кон целосна (полна) вработеност и овозможува нејзино функционирање на нивото на тн. потенцијален бруто-домашен производ. Називот пак, нова школа произлегува благодарение на тоа што оваа макроекономија претпоставува дека со флексибилноста на платите и цените, ќе дојде до урамнотежувањето на пазарите и дека тоа ќе се случи моментално. Како флексибилноста на цените и платите ги урамнотежува пазарите?Познато е дека во современи услови номиналните плати се утврдуваат на почетокот на секој период и остануваат фиксни за целиот период, бидејќи е навистина не рационално и скапо работодавачите и синдикатите перманентно да преговараат за нивната висина. Притоа платите се фиксираат на рамниште коешто овозможува урамнотежување на пазарот на трудот. Бидејќи работниците се заинтересирани за одржување на реалното ниво на платите, на почетокот на периодот платите се индексираат со очекуваниот пораст на цените (антиципираната инфлација) и се фиксираат токму на тоа ниво. Меѓутоа, ако цените порастат повеќе од очекувањата, претпријатијата ќе профитираат, односно ќе бидат во состојба да го зголемат поризводството во услови на фиксирани номинални плати кои меѓутоа се под реалното рамниште. Но ваквата ситуација, според претставниците на новата класична економија, не ќе може долго да се одржи. На почетокот на следниот период платите ќе се усогласат односно ќе се фиксираат на ниво коешто го антиципира порастот на цените за тој период. На овој начин флексибилните цени и плати го урамнотежуваат, „чистат“, пазарот. Невработеноста во ваква ситуација егзистира на нивото на природната стапка на невработеност, која ја покажува долгорочната тенденција на вистинската стапка на невработеност – фактички таа е стапка на невработеност којашто не ја забрзува инфлацијата НАИРУ. Овој едноставен пример го покажува големото значење на рационалните очекувања за функционирањето на економијата. Кон почетокот на седумдесеттите години на XX век, со појавата на феноменот на стагфлацијата, се покажа дека стабилните односи помеѓу инфлацијата и невработеноста не се валидни на долг рок. Во тој период најпрвин Фелпс, а потоа и Фридман излегоа со тврдењето дека Филипсовата крива на долг рок е вертикална линија на нивото на природната стапка на невработеност. Ова нивно откритие потврдува дека зголемувањеро на понудата на пари на кус рок предизвикува промени во реалните фактори (инвестициите, производството и вработеноста), а на долг рок инфлација, односно општ пораст на нивото на цените. Појавата и развојот на Лукасовиот концепт за рационалните очекувања ја засили аргументацијата за егзистенција на нестабилни односи помеѓу инфлаијата и невработеноста на долг рок. Основата за дистинкција помеѓу Филипсовата крива на кус и долг рок денес се токму рационалните очекувања, очекувањата за инфалција се константни – поради едноставниот факт што просечниот тренд на пораст на стапката на инфлација во поблиското минато едноставно се пресликува, се експлоатира во иднината. Кај Филипсовата крива на долг рок, меѓутоа, очекувањата за инфлацијата се еднакви на актуелната инфлација. Така, доколку економските субјекти коректно ја антиципираат инфлацијата (што е основна пертпоставка на рационалните очекувања), ако предвидат, да кажеме, 6% пораст, тогаш оптото подигање на цените ќе биде вградено и во платите. Тоа ќе предизвика контракција на агрегатната понуда и сите реални фактори, вклучувајќи ја тука и вработеноста, односно невработеноста, ќе се вратат на првобитното рамниште. Но, рамнотежата ќе се воспостави на повисокото општо ниво на цените. Ова покажува зошто Филипсовата крива на долг рок е вертикална линија. Урамнотежувањето на пазарите во современите пазарни економии е значаен елемент за новата класична макроекономија. Инаку пазарите се урамнотежени кога невработеноста постои само на ниво на природна стапка на невработеност. Бизнис циклусиКако дел од новата класична макроекономија се појавуваат и теоретичарите на реалните бизнис циклуси. Тие во целост ги прифаќаат сите постулати на новата класична макроекономија. Како најзначајни претставници на оваа школа се спомнуваат Едвард Прескот, Фин Кидланд и Чарлс Плосер. Современата макроекономија е поврзана со теоретичарите на реалните бизнис циклуси поради нивните два значајни придонеси:
Голема заслуга која што ја имаат теоретичарите на реалните бизнис циклуси е тоа што тие отидоа еден чекор понапред во објаснувањето на рационалните очекувања врз економската политика, од причина што го имаат откриено проблемот што всушност се нарекува доследност на економските политики низ времето. Макроекономска и монетарна политикаРазвојот и примената на концептот на рационалните очекувања имаа силни импликации врз економската политика. Најзначајните импликации на учењето за рационалните очекувања врз економските политики можат да се сублимираат на следниот начин:
Ако економските субјекти се способни коректно да ја предвидат иднината, вклучувајќи ги тука промените во економската политика на владата, и брзо да реагираат на новонастанатите промени, тогаш економската политика е неефикасна и често бескорисна. Во вакви услови управувањето со агрегатната побарувачка преку мерките на монетарната и фискалната политика нема никаква смисла. Притоа анализата на претставниците на рационалните очекувања посебно е свртена кон ефикасноста односно неефикасноста на мерките и инструментите на монетарната политика. Тука може да се издиференцираат две специфични ситуации со кои мое да се покаже дека монетарната политика е неефикасна.
Секоја редукција на инфлацијата е врзана со реални дезинфлациони трошоци. Неокејнзијанците сметаат дека реалните дезинфлаторни трошоци во современите економии се високи поради рестриктивната буџетска и монетарна политика, понекогаш комбинирани со политика на доход и особено поради фактот што цените и платите се нефлексибилни надолу. Во таква ситуација без оглед на смалената агрегатна побарувачка, пазарите тешко се урамнотежуваат, а рамнотежата се воспоставува на пониско рамниште со евидентно губење на БДП и работни места. За претставниците на новата класична економија пак, дезинфлационите трошоци можат да бидат многу мали, а коефициентот на жртвување дури да тендира кон нула, доколку монетарните власти уживаат висок кредибилитет и репутација и доколку и буџетската политика е компатибилна со монетарната политика. Многу економисти најдуваат висок степен на корелација помеѓу степенот на независност на централната банка и ниските стапки на инфлација, (колку е поголема независноста на централната банка толку е пониска стапката на инфлација). За претставниците на рационалните очекувања, управувањето со агрегатната побарувачка преку мерките и инструментите на монетарната и фискалната политика по правило нема посебна смисла. За нив е значајна агрегатната понуда и стимулирањето на потенцијалниот БДП. Во овој домен посебен придонес може да дадат микроекономските политики преку зголемување на поттиците за работа и инвестирање. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia