Рајна Кацарова
Рајна Кацарова (7 мај 1901 – 14 септември 1984) била бугарски етномузиколог. ЖивотРајна Кацарова била родена во Софија на 7 мај 1901 година. Во 1925 година дипломирала на Музичката академија во Софија, а во 1931 година студирала во Берлин кај Ерих Мориц фон Хорнбостел и Роберт Лахман. Кацарова работела во одделот за народна музика во Етнографскиот музеј во Софија. Во периодот од 1934 до 1937 г. работела како помошник-кустос, а од 1947 до 1952 г. како виш кустос и раководител.[1] Во 1947 г. таа била меѓу основачите на Меѓународниот совет за традиционална музика. Од 1952 до 1962 г. била директорка на Институтот за музикологија при Бугарската академија на науките. Од 1965 г. членувала на Меѓународното здружение за етнологија и фолклор.[2] Рајна Кацарова била основач на танцовата архива на Институтот за музикологија. Во 1965 г. таа го основала Националниот фестивал на бугарска народна уметност заедно со Петко Стајнов и Ана Каменова.[3] Таа починала на 14 септември 1984 година.[1] Избрани публикации
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia