Рајнер Шутлер
Рајнер Шутлер (германски: Rainer Schüttler; 25 април 1976 во Корбах, Германија) е поранешен германски тенисер . КариераЈа започнал својата професионална кариера во 1995 година. Најголемиот успех го постигнал во 2003 година, кога стигнал до своето прво и единствено гренд слем финале во кариерата, пласирајќи се во натпреварот за титулата на Отвореното првенство на Австралија, но таму бил лесно победен од Андре Агаси со 3-0 по сетови 2–6, 2–6, 1–6. Тој, исто така, освоил сребрен медал на Олимписките игри во 2004 година, играјќи во двојки со сонародникот Николас Кифер. Во својата кариера Шутлер освоил четири турнири: 3 на тврда подлога и еден на тепих. Најдобриот пласман на АТП листата го остварил во април 2004 година, кога бил петти играч. На 11 октомври 2012, објавил дека официјално се повлекува од активното играње тенис. Гранд слем финалињаПоединечни: 1 (0-1)
АТП мастерс финалињаПоединечни: 1 (0-1)
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia