Релинген (Шлезвиг-Холштајн)За други истоимени места, погледајте Релинген.
Релинген (германски: Rellingen) — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Општината се состои од местата Релинген-Ост, Крупундер и Егенбител. Се наоѓа околу 7 километри источно од Пинеберг и 10 километри северозападно од Хамбург. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Пинау, иако самата општина не е член на заедницата. ГеографијаРелинген се наоѓа на Миленау, непловна притока на Пинау. СообраќајРелинген е близу сојузниот автопат Б23. Хамбуршката С-Железница (линија 3) и автобускиот систем (линиите 185, 195, 295 и 295) го поврзуваат Релинген со Хамбург. АрхитектураРелинген е познат по својата лутеранска црква. Архитект бил Кај Дозе. Претходната црковна градба била тешко оштетена во текот на Триесетгодишната војна. Била повторно изградена во периодот 1754-1756, кога била и проширена. Црквата има осумаголен облик и поседува камбанарија. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia