РелуктансаРелуктансата е мера на отпорот на материјалот на воспоставување на магнетно поле. Симболот ѝ е , а единица за релуктанса е ампер-намотка/вебер (An/Wb). Вредноста на релуктансата е правопропорционална на должината (l) на патот на силовите линии на магнетното поле и инверзно пропорционална на пермеабилноста (μ) и површината на попречниот пресек на материјалот А. Тоа го искажува следната равенка: Релуктансата во магнетните кола може да се смета како аналогија на отпорот во електричните кола. Единицата за релуктанса може да се изведе користејќи l во метри, А во квадратни метри и μ како што е прикажано:
An/Wb е ампер-навивка/вебер. ПримерТреба да се најде релуктансата на материјал кој има должина 0,05 м, попречен пресек 0,01 м2, и пермеабилност од 3.500 {μWb/(An•m): = = 1400 An/Wb Со други зборови, потребно е 1.400 намотки за да се оствари магнетен тек од 1 вебер при овие услови, и струја од 1 А низ намотката. Поврзано
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia