Ренин–ангиотензин систем![]() Ренин–ангиотензин системот или ренин–ангиотензин–алдостерон е хормонски систем кој е вклучен во регулацијата на плазматската концентрација на натриум и артерискиот крвен притисок. Кога плазматската концентрација на натриум е пониска од нормалната или крвниот проток во бубрезите е намален, јукстагломеруларните клетки во бубрезите го претвораат проренинот (внатреклеточна белковина) во ренин, кој потоа се лачи директно во циркулацијата. Потоа плазматскиот ренин дејствува врз плазматска белковина позната како ангиотензиноген, така што од него откинува еден краток пептид, составен од 10 аминокиселински остатоци. Краткиот пептид е познат како ангиотензин I.[2] Потоа, ангиотензин I е конверитран, со отстранување на 2 аминокиселини, во октапептид познат како ангиотензин II, под дејство на ензимот ангиотензинопретворачки ензим (АКЕ) кој е присутен во белодробните капилари. Ангиотензин II е моќен вазоактивен пептид кој предизвикува констрикција на артериолите, што резултира со зголемување на артерискиот крвен притисок.[3] Ангиотензин II исто така ја стимулира секрецијата на хормонот алдостерон од кората на надбубрежните жлезди.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia