Референдум во Северно КосовоРеферендум во северно Косово е референдум кој бил одржан на 14. и 15. февруари 2012, во четирите општини на Северно Косово. Гласачите се изјаснуваа по прашањето: „Дали ги прифаќате институциите на таканаречената Република Косово“.[1] Целта на референдумот е изјаснување на граѓаните за останување во состав на Република Србија, односно изразување на определба дека граѓаните на Северно Косово не сакаат да живеат во самопрогласената и непризната држава Косово.[2][3][4] Референдум беше симболично одржан на Денот на државноста на Републике Србија, со што е покажано дека Косово е составен дел на Република Србија.[4] Исходот на референдумот беше дека 99.74% од гласачите гласаа против институциите на Република Косово, додека за гласаа само 69 поддржувачи. ЗаднинаИако Северно Косово, како дел од Собранието на општините на автономната покраина Косово и Метохија, ја почитува резолуцијата 1244 од ООН, се противи на едностраната декларација за независност, косовско-српските енклави се под де факто јурисдикција[5] на институциите на Република Косово, иако ова е успорено од страна на косовското собрание. Референдумот беше објавен на 25 декември 2011, од градоначалникот на Косовска Митровица Крстимир Пантиќ, со цел да му се даде право на месното население да се изјасни дали ги прифаќа институциите на Република Косово.[6] И Србија и ЕУ беа против референдумот.[7][8] Косовските Срби стравуваа дека Србија се противеше за референдумот со цел да се поддржи нејзиното членство во ЕУ, кој беше услов за да се разреши косовскиот спор. Ова беше сепак отфрлено од страна на српскиот претседател Борис Тадиќ и Министерот за Косово Оливер Ивановиќ. Парламентот на Косово, прифати резолуција со која го прогласи референдумот за невалиден.[9] Слично, и албанското Министерство за Надворешни работи, изрази загриженост во врска со одржувањето на референдум организиран од страна на српските паралелни институции, кои, тие тврдеа беа инспирирани од Белград. Понатаму кажаа дека референдумот не беше легален и дека ќе нема ефект, и дека нема да служи во интерес на етничките заедници социјално, економски и политички да се интегрираат во Косово.[10] Милан Ивановиќ, претседателот на српскиот национален совет на Северно Косово, ја критикување Србија дека падна во нејзиниот пристап кон Косовскиот проблем штом ги одби одлуките кои беа демократски покажани од страна на Србите во северно Косово. Барикадите во северно КосовоСамопрогласената Република Косово сакаше да воведе царина на административната граница со Србија. Косовските Срби бараа отстранување на Косовските цариници од административната граница со Србија. Правејќи го тоа, тие инсталираа барикади кои би го напрабиле патувањето потешко за КФОР трупите во тие места кој бараше да воведе "ред и закон". Прашање
РеферендумРеферендумот беше одржан во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, со регистрирани 35,500 гласачи со право на глас. Некои од гласачките ливчиња беа напишани и на албански јазик. Имаше 82 гласачки места: 13 во Косовска Митровица, 11 во Звечан, 25 во Зубин Поток, и 33 во Лепосавиќ. Според Љуба Радовиќ, претседателот на референдумската комисија, немаше информации дали Албанците ќе земат учество во референдумот, и покрај тоа што три села во општината Звечан (Жажа, Бољетин и Липа), кои имаат мнозинско албанско население, рекоа дека нема да учествуваат во референдумот. Резултати
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia