Референдум за независност на Шкотска (2014)
Референдум за независност на Шкотска — референдум одржан на 18 септември 2014 г. во Шкотска на кој се одлучувало дали земјата да биде независна држава.[1] Исходот од референдумот бил во полза на останување на земјата во состав на Обединетото Кралство, со 55,3% „против“ независност.[2] Позадина и подготовкиПо договорот помеѓу владите на Шкотска и Обединетото Кралство,[3] законот за референдум за шкотска независност, кој го уредувал референдумот, бил донесен на 21 март 2013,[4] бил донесен од шкотскиот парламент на 14 ноември 2013 година и добил кралска согласност на 17 декември 2013 година.[5][6] Прашањето за референдумот, како што било предложено од Изборната комисија, гласело „Треба ли Шкотска да биде независна држава?" — гласачите можеле да одговорат со „да“ или „не“.[7] Со некои исклучоци, сите жители на Шкотска над 16 години можеле да гласаат, претставувајќи над 4 милиони гласачи. Одлучувањето било со просто мнозинство. Во текот на кампањата се разгледувале разни проблематики, вклучувајќи која валута ќе ја користи Шкотска, јавните трошоци и нафтата од Северното Море.[8] Една недела пред референдумот, водачите на трите главни партии во Велика Британија објавиле заедничка изјава пред нивното патување за референдумот во Шкотска. Премиерот Дејвид Камерон исто така го подигнал шкотското знаме над Даунинг Стрит и други владини згради до датумот на референдумот.[9] Последните покажувале дека мислењата се горе-долу изедначени, но со извесен број неопределени, кои придонеле за исходот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia