Ристо ЃорѓевскиРисто Трпев Ѓорѓевски (Теарце, тетовско, 24 март 1919 – Скопје, 16 април 1996) — македонски психолог и универзитетски професор.[1] ЖивотописЃорѓевски е роден во тетовското село Теарце на 24 март 1919 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1950 година. Со титулата доктор на психолошки науки се стекнал на Филозофскиот факултет во Загреб во 1955. Бил инспектор за просвета и раководител на Одделението за школство при Министерството за просвета на ФРМ од 1944 до 1951 година. За асистент по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје е избран во 1951, а за редовен професор во 1969 година. На Институтите за педагогија и психологија ги предавал предметите: Општа психологија, Детска психологија и Педагошка психологија. Основач е на Катедрата (Институтот) за психологија и бил нејзин прв раководител. Бил декан на Филозофскиот факултет (1969–1973)[2], претседател на Здружението на психолози на СФРЈ (1972–1976). Држел предавања на повеќе универзитети во СФРЈ, а бил визитинг професор на Универзитетот Чико, Калифорнија, САД (1973–1974). Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia