Рихтерова скала![]() Рихтерова скала — логаритамска сеизмолошка скала која определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантифицира количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзионен сеизмограф. Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 3⁄2, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1000 пати поголема енергија.[1] Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала која се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент наместо на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот. Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амлитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи прилагодување за да се компензира за варијациите во растојанието помеѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата. Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од било кој сеизмограф во светот. Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.
Големите земјотреси настануваат во просек еднаш годишно. Најсилниот забележан земјотрес бил големиот земјотрес во Чиле на 22 мај 1960., од 9,5 степени.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia