Роберт Трухиљо
Роберт Трухиљо (анг. Robert Trujillo) е американски бас гитарист кој во моментов е член на Металика. Освен за Металика, Трухиљо има настапувано и за бендовите Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Black Label Society, а има соработувано и со музичарите Ози Озборн, Џери Кантрел и Глен Типтон.[1] Трухиљо има мексиканско потекло, а роден е во Санта Моника, на 23 октомври 1964 г. Музичка кариераПрвото искуство на музичката сцена го здобил како член на бендот на Ози Озборн, во доцните 90-ти.[2] Додека соработувал со Озборн, му се случила една непријатна афера. Имено, на ре-изданијата од албумите Blizzard of Ozz и Diary of a Madman, Трухиљо ги преснимил мелодиите на бас гитара, кои биле во авторство на неговиот претходник Боб Дејзли.[3] Дејзли бил многу незадоволен и својот револт од таквата постапка го искажал преку медиумите. Освен со Озборн, Роберт имал активности и со неформалната супер-група Mass Mental, чиј музички стил бил мешавина на реге, панк и метал. Со нив издал само еден албум, исклучиво наменет за јапонскиот музички пазар, и еден видео албум од нивниот концерт во Токио. Кратко бил член и во бендот Black Label Society, каде по поканата од неговиот колега Зек Вајлд, приредиле неколку свирки. На Металика им се придружил на 23 февруари 2003 г. Освен него, во бендот се и Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих и Кирк Хамет како членови со подолг стаж во групата.[4] Со нив првпат се запознал во 1993 г. кога неговиот тогашен бенд Suicidal Tendencies настапувал како предгрупа на Металика за време на нивната светска турнеја Nowhere Else to Roam. И наредната (1994) година настапувал во придружба на Металика, и тоа на турнејата Shit Hits the Sheds.[5] Аудуцијата за нов басист на Металика и неговиот избор биле документирани во филмот Some Kind of Monster. Добил еден милион долари како парична награда за неговото примање од страна на бендот. Како моментален басист на Металика, на 4 април 2009 г. бил примен во Rock and Roll Куќата на славните, заедно со неговиот претходник Џејсон Њустед (кој во 2001 заминал од Металика) и покојниот Клиф Бартон. Глумечка кариераТрухиљо се има појавено во повеќе филмски улоги, од кои позначајни му се настапите во играниот филм „Куќен повик“ (1978) и комедијата „Калифорниски човек“ (1992). Исто така има добиено помала ролја во ТВ серијата „Чипс“, како и во мини серијата „Честа на разузнавачот“. Приватен животРоберт е оженет и има добиено син и ќерка, кои се викаат Тај и Лула. Неговата девојка, сегашна сопруга, Клои, има насликано пирографска слика од ацтечкиот календар на неговата бас гитара.[6] Неколку години по овој настан, кога Роберт слушнал дека Клои се преселила во Лос Анџелес, тој ѝ телефонирал од говорница, со намера повторно да стапат во љубовна врска. Заедно се веќе седум години, а од неодамна и се брачни другари. Неговата сопруга има сопствено мрежно место со име „Клои во уметноста“. ДискографијаЏери Кантрел
Black Label Society
Infectious Grooves
Suicidal Tendencies
Глен Типтон
Mass Mental
Ози Озборн
Металика
Со други музичари
Филмографија
Наводи
Надворешни врски
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia