Роберт I (Франција)
![]() Роберт I (15 август 866 – 15 јуни 923)[1] — крал на Западна Франкија (922–923), помлад син на Роберт Силниот, грофот од Анжу, и брат на Одо, кој станал крал на Западните Франки во 888. Западна Франкија со време се развила во Франција; за време на владеењето на Одо, престолнината била утврдена во Париз. Неговото семејство било познато како Робертини. ЖивотописУчествувал во Опсадата на Париз во 885. Откако неговиот брат Одо во 888 станал крал, го назначил на чело на повеќе грофовии, вклучително и Грофовијата на Париз. Роберт исто така бил и опат- покровител (in commendam) на повеќе опатии. Тој не ја побарал круната на Франција кога умрел неговиот брат во 898, туку го признал каролиншкиот крал, Карло Простиот, кој го назначил за Војвода на Франките[2],[3]. Сепак, оваа титула "војвода на Франките" не е докрај потврдена.[4]). Роберт продолжил да ја брани Северна Франција од нападите на Норманите. Мирот меѓу кралот Карло и Роберт траел до 921. Свештенството и благородниците му се налутиле на кралот Карло кој го фаворизирал грофот Аганон иако може да станува збор за некаков политички изговор[5]). Со помош на најмоќните благородници, Роберт го нападнал кралот Карло кој побегнал во Лорена. Робер бил крунисан за крал на Франките во Ремс од страна на архиепископот од Санс, Готје, во недела 30 јуни 922. Карло собрал војска и тргнал против Роберт на 15 јуни 923, Роберт бил убиен од страна на Филбер, Фобер, Фубер[6] во текот на Битката кај Соасон. Според некои како Адалбер, архиепископот од Магдбур, Роберт загинал од раката на самиот Карло[7]. Благодарение на храброста и ладнокрвноста на синот на Роберт, Иго Велики, победата била во рацете на Робертините а кралот Карло III не можел да си ја врати круната. Кралските великодостојници тогаш за крал на Франките го избрале Раул, војводата на Бургоња и зет на кралот Роберт I. Тој бил крунисан на 13 јули 923. ПоколениеРоберт бил двапати женет. Со својата прва жена, Елида (или Адела од Мајна), имал две ќерки. Секоја ќерка се омажила со моќни вазали на нивниот татко:
Од неговата втора жена, Беатриса од Вермандоа, ќерка на Ербер I од Вермандоа, имал само еден син, Иго Велики, кој подоцна станал dux Francorum и му бил татко на кралот Иго Капет. Меѓу другите ќерки кои веројатно ги имал, имал и ќерка по име Рихилда. Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia