Роднината Бета
Роднината Бети (француски: La Cousine Bette) — роман од 1846 година на францускиот писател Оноре де Балзак. Дејството на романот се одвива во средината на 19 век во Париз и ја раскажува приказната за една немажена жена на средна возраст и го покажува падот на нејзиното големо семејство. Бети работи со Валери Марнеф, несреќно мажена млада дама, за да ги измачува мажите. Еден од нив е баронот Ектор Јуло, сопруг на Аделин - братучетка на Бети. Тој го жртвува богатството на своето семејството за да угоди на Валери, која го напушта поради трговецот Кревел. Книгата претставува дел од „Сцени од парискиот живот“, дел од Балзаковата серија на романи „Човечка комедија“ („La Comédie humaine“). Роднината Бети е прифатена како последно големо дело на Балзак. Негов заштитен знак е употребата на реалистични детали комбинирани со панорама на ликови, кои се појавуваат повторно од претходните романи. Некои критичари го поздравиле ова како пресвртна точка во кариерата на авторот, а други го дефинираат како прототип на натуралистички текст. Романот е споредуван со Отело на Вилијам Шекспир, како и со Војна и мир на Толстој. Создадени се бројни филмски верзии од романот, вклучувајќи ја минисеријата од 1971 на Би-би-си со учество на Маргарет Тизак и Хелен Мирен, и филмот од 1998 со Џесика Ланг во главната улога. Надворешни врски![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia