Родопитe (бугарски: Родопи, грчки: Ροδόπη) — планински венец во јужниот дел на Бугарија и е дел од Рилско-родопскиот Масив. Планините се наоѓаат меѓу Горнотракиската Низина на север и Беломорската Низина на југ. Поголемиот дел од планината се наоѓа на територијата на Бугарија, а помал во Грција. Планината има површината од 14.737 км2 со просечна надморска височина од 785 м.[1] Геоморфолошки планината се дели на два дела - Западни и Источни Родопи. Западниот дел е повисок, со типично планински релјеф, додека Источните Родопи се ридови и релативно ниски. Највисокиот врв во Родопите е Голем Перелик со 2.191 м надморска висина и тој се наоѓа во Западните Родопи на 19 км западно од градот Смољан.
Галериjа
-
Родопски шуми
-
Панорама од источните Родопи
-
Бачковски манастир
-
Чудните мостови, Големиот мост
-
Чудните мостови, Малиот мост
-
Крепост Устра
Наводи
- ↑ Румен Пенин. Природна география на България. Булвест 2000, С. 2007
Надворешни врски
- „Напеналки“ - Слики и разкази од Родопите (бугарски)
- Проект „Родопи“ Архивирано на 5 октомври 2012 г. - Заштита на глобално најзначајната биолошка разновидност во пејзажот (бугарски)