Род (бог)Род претставува бог во словенската митологија. ![]() ОписТој бил сметан за заштитник на родот и семејството и поврзуван е со култот кон предците. Негови придружнички биле рожаниците, кои некои ги сметаат за пандан на грчките божици на судбината. Меѓутоа, според рускиот академик Борис Рибаков[1], Род е божество од највисок ранг, од кого зависи сѐ во природата, тој е владетел на небесните светови, покровител на плодородноста, родот и семејството. Како небесен бог, тој се поврзува со Сварог. Сосема е возможно Род и Сварог да се две имиња за едно исто божество, два аспекта на небесниот апсолут. За него дознаваме од разните проповеди и поученија на црквата, која со сите сили се обидувала да го искорени култот кон Род и неговите небесни (две или три) придружнички, рожаниците. Така, во еден коментар на Евангелието, познат под името „О вдуновении духа в человека“ датиран во 15 век, се вели:
Според овој цитат, во словенските верувања, Род седи на воздухот и фрла на земјата (некакви) грутки, од кои се раѓаат децата. За творец на сѐ бил сметан Род. За тоа колку силен бил култот кон Род и рожаниците, јасно се гледа во скратениот и прераскажан превод на „Словото на пророкот Исаја“ од 12 век. Таму Род е претставен како божји противник и е наречен Сатана:
Исто така, во средновековните извори се говори и за тоа дека Словените прво почнале да им принесуваат жртви на Род и рожаниците, а дури потоа на Перун, богот свој. Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia