Розалија Султангареева

Розалија Султангареева ( Розалиә Солтангәрәева ) (28 март 1955-) е башкирски фолклорист, научник, професор, народен пејач и директор на Истражувачкиот центар за башкирскиот фолклор.[1]

Биографија

Султангарева е била родена на 28 март 1955 година во селото Новосепјашево, Алшеевскиот округ во Башкортостан. Нејзините родители биле наставници.

Во 2003 година таа докторирала по филологија, откако ја презентирала својата теза Семеен и домашен ритуален фолклор на башкирскиот народ ( Москва, 2003).

Султангареева истражувала ритуални, играчки, кореографски, раскажувачки, епски, религиозен фолклор, како и митологија, лековити практики на Башкирите.

Таа активно учествувала во подготовка за објавувањето на серијата книги Башкирска народна уметност, енциклопедијата Башкортстан и други книги заедно со Ахмет Сулејманов, Фануза Надршина, Нур Зарипов и други научници.

Во периодот 2010-2017 година била претседател на јавната организација „Друштво на башкирски жени“ на Република Башкортостан. (стр. 134-138)

Награди

  • Орден на Салават Јулаев (2005) (државно признание Б бр. 0119, УП-114, 01.04. 2005)
  • Награда за литература „Акмула“ (20.12.1991)

Поврзано

Дела

  • Султангареева Р. А. Башкирски свадбено-обреден фолклор / Научен центар на Руската академија на науки — Уфа, 1994 — 191 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирски народен танц. — Уфа, 2009. — 130 стр. (во коавторство со Г. В. Бајмирзина)
  • Султангареева Р. А. Башкирско народно творештво. Обреден фолклор. — Уредници, вовед и објаснувања: А. Суљајманов, Р. Солтангарејева. — Уфа, 1995. — 475 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирски народни обредни игри (вовед: Р. А. Солтангарејева; во коавторство со А. М. Суљајманов). — Уфа, 1997.
  • Султангареева Р. А. Семејно-секојдневен обреден фолклор на башкирскиот народ. — Уфа: Гилем, 1998. — 243 стр.
  • Султангареева Р. А. Мелодија на сеќавањето. Башкирски народни песни лично собрани и интерпретирани од авторката. Со три аудиокасети. — Уфа, 2003 — 78 стр.
  • Султангареева Р. А. Животот на човекот во обредите: фолклорно-етнографско истражување на башкирските семејни обичаи. — Уфа: Гилем, 2005 — 344 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирска народна борба (куреш). — Уфа: Китап, 2009. — 144 стр.
  • Султангареева Р. А. Танцов фолклор на башкирите. — Уфа: Гилем, Башкирска енциклопедија, 2013 — 128 стр.
  • Султангареева Р. А. Обредот — систем и норми на живеење кај башкирите. — Уфа: Китап, 2015 — 216 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирска школа на раскажувачи. — Уфа, 2012 — 282 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирски фолклор: семантика, функции и традиции. Том 1 — Мит. Обред. Танц. Раскажување. Шамански, религиски, музички фолклор. Современи традиции. — Уфа: Башкирска енциклопедија, 2018 — 520 стр.
  • Султангареева Р. А. Башкирско народно творештво: обреден фолклор. Том 12. (Составувачи, автори на воведниот текст и коментари: Р. А. Султангареева, А. М. Суљајманов) — Уфа: Китап, 2010 — 556 стр.
  • Султангареева Р. А Песни — кубаири во изведба на Р. Султангареева

Литература

  • Басангова Т. Г. Ученый и казитель Р. А. Султангарева. //Вестник Северо-Восточного федерального университета им М. К. Аммосова2020 бр. 2(18), с 171—173
  • Карпухин И. Е. Свой материјал, свой подход, своя концепција. //Бельские просторы 2007 година

Наводи

  1. „Rozalia Asfandiyarovna Sultangareeva. The regional interactive encyclopedic portal "Bashkortostan". Посетено на 2022-11-08. (ru)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya