Романска делегација во посета на Македонија
Романска делегација во посета на Македонија е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во вкупно времетраење од 8 минути. Истиот е составен од три дела, првите два во времетраење од две минути и третиот со должина од четири. Иако очигледно се работи за една целина, Милтон Манаки при идентификацијата на филмовите овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм [1]. Кратка содржинаРоманска делегација во посета на БитолаПрвата целина почнува со пристигнувањето на делегацијата со кочии во Битола и завршува со нејзиниот престој во овој град. Романска делегација во посета на ГопешВтората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид. Романска делегација во посета на РесенТретиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија, кој е и најдолг, го прикажува патот на делегацијата кон Ресен и нејзиното пристигнување и престој во овој град. ПоврзаноБелешкиНадворешни врскиТрите составни филма:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia