Ромски народни носии![]() Ромските народни носии се традиционална облека на ромскиот народ, [б 1] Ромската традиционална облека е тесно поврзана со историјата, културата и националниот идентитет на ромскиот народ.[2][3] Поедини научници ги поврзуваат сличностите на ромските народни носии со оние на јужноазиските популации поради општиот консензус за јужноазиското потекло[б 2] на Ромите. Сепак, тие исто така забележуваат дека има и многу разлики, што е показател за контактот што Ромите го имале со разни други етнички групи. Поради ова, ромските народни носии може драстично да се разликуваат помеѓу различните племиња, меѓутоа, постојат одредени постојани сличности кои ги дефинираат ромските народни носии како целина. Ромите често се препознаваат меѓусебно преку нивниот изглед и културни кодекси на облекување. Покрај тоа, Ромите го ценат надворешното прикажување на нивното богатство и просперитет што се одразува во нивната традиционална облека.[2] Женска народна носија![]() ![]() Облеката на Ромките ја нагласува културната традиција на прикажување на сопственото богатство како знак за среќа. Ромките главно носат златни ѓердани, нараквици и шамии, сите често украсени со златни монети. Дикло е традиционална шамија што ја носат омажените Влашки Ромки.[2] Исто така Ромките традиционално носат здолништа. Големината на здолништата варира кај жените од различни племиња, возрасти и брачен статус. Традиционално здолништата секогаш биле со должина под колена бидејќи долниот дел од телото се смета за табу во ромската култура поради мариме законите, но тоа се променило во модерното време. Ромките, исто така, традиционално ги избегнувале панталоните, иако и тоа се променило кај младата генерација. Дополнително, кај Влашките Роми, мажените жени носеле бела престилка над здолништето.[2][7] Престилка имала улога да ја заштити храната од нечистотијата на фустанот според кодот за чистота на Ромите.[8] Во одредени влашки ромски култури, како што се Габорите, Ромките постари од 10 години се обврзани да го почитуваат следниот код на облекување кој се состои од шарено плисирано здолниште, шарена блуза со дезен, долга набрана престилка од истиот материјал како здолништето а омажените жени носат и марама. И мажените и младите жени носат црвена лента во косата. Како обувки можат да користат сандали, влечки, чизми или чевли. Бојата на здолништата може да го одрази статусот и возраста на Ромките, при што посветлите бои ги користат помладите девојки, а потемните бои постарите жени. Црните здолништа се знак на жалост во ромската култура.[3] Во муслиманските ромски заедници на Балканот, жените од помладата генерација генерално носат поконзервативна исламска облека, додека постарата генерација претпочита потрадиционална облека со традиционални ромски дизајни, бои и симболика.[9] Во муслиманското ромско општество посебно се внимава на кодексот за облекување на жените и се нагласува скромноста особено кога станува збор за долната половина од телото.[10] Машка народна носија![]() Ромската машка облека била типична според нивните кланови, а споделувањето облека меѓу членовите на кланот се сметал за симбол на братство.[11] Во одредени влашки ромски култури, како што се Габорите, од мажите се бара да го следат следниот кодекс на облекување: шапка со широк обод, црни широки панталони, темно палто и кошула, и елек со сребрени копчиња. За обувки, мажите носат црни затворени чевли.[3] ПрогонствоВо многу области се до денес, кога некој се идентификува како Ром, може да трпи негативни последици. Во минатото направени се бројни обиди да се асимилираат Ромите во европското општество со минимизирање на различните културни маркери како облеката. Европските држави имале изборни и принудни обиди за асимилација или искоренување на ромската култура. За време на геноцидот на ромите и други настани со екстремен прогон, каде идентификувањето како Ром можело да биде опасно, многу Роми морале да ја напуштат носијата на својата култура. Сепак, Ромите до ден-денес продолжуваат да се спротивставуваат на асимилацијата иако сè уште постојат напори на европските држави да ја демонизираат и да ја забранат ромската култура, вклучително и ромската народна носија.[12] Поради модни движења како што е боемството, многу луѓе кои не се Роми почнаа да се облекуваат како Роми. Хелен Греам ја опишува проблематичната природа на овој тренд:
ПоврзаноГалерија
Во уметноста
БелешкиНаводи
Дополнителна литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia