Роска Бујачка

Роска Бујачка ( 1883 во М'гленце — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од летото 1943 година во својот дом прифаќала борци од Козјачкнот терен и кумановскиот партизански одред. Таа била водич на партизанските курири кои доаѓале во нејзиниот дом и пресоблечени во селска облека заминувале по задача вo Куманово. Нејзината активност била причина да биде изложена на терор од бугарскиот окупатор и четниците. Во 1944 година била избрана за член на НОО и станала член на Одборот на АФЖ.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1008.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya