Росочка Река
Росочка Река — река која потекнува од селото Росоки, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река). ТечениеРеката извира од карстен извор на планината Бистра, во месноста Џигерица, источно од врвот Старци (1.710 м). Тече во југоисточна насока и по 6 км се влева во Тресонечка Река како нејзина десна притока. Воден потенцијалРеката отсекогаш изобилувала со воден потенцијал, којшто бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавници на самата река изградени во селото Росоки. Како резултат на големиот месечен проток на вода од Росочка Река — 1,603 м3с[1] — дел од реката се зафаќа за градскиот водовод на Дебар. Капацитетот на цевководот е со 200 л/ч, кој поминува на некои места над Росочка Река. Покрај Дебар, од овој цевковод како вода за пиење ја користат и селата Долно Косоврасти и Могорче.[2] Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[1] ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia