Рудник „Крстов Дол“

За истоименото село видете тука
Поглед на поранешниот рудник и флотација

Крстов Дол — рудник и флотација сместени на околу 20 километри од градот Крива Паланка, во атарот на истоименото село.[1]

Рудникот и флотацијата повеќе не се користат, а неговите објекти се уништени.

Историја

Од 1960 година, во долината на Крстовдолскиот Дол започнале истражувања, а подоцна бил отворен и самиот рудник „Крстов Дол“ за антимон. Некогаш во него и во изградената флотација работеле 120 жители на околните села.[2]

Флотација

Во флотацијата била обработувана антимонова руда. Освен тоа, била преработувана и молибденова руда донесена од Турција. Во мала количина била обработувана и руда на антимон од рудникот „Алшар“, во околината на Кавадарци, која содржела висок процент на арсен.

Галерија

Наводи

  1. „Природни ресурси“. Општина Крива Паланка. Посетено на 2019-06-22.
  2. Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 263–265.

Надворешни врски

42°18′56″N 22°18′30″E / 42.31556°N 22.30833°E / 42.31556; 22.30833

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya