Рудолф II (војвода на Австрија)
Рудолф II (германски: Rudolf II, роден на 1271 во Рајнфелден - починал на 10 мај 1290 во Прага) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Швабија (1273—1290), војвода на Австрија и Штаерска (до 1282-1283 со Албрехт I). Рани годиниРудолф II бил син на Рудолф I, основач на Хабсбуршката династија. Во 1282 година Рудолф ги поставил своите синови на чело на Војводство Австрија и Војводство Штаерска. Така Рудолф станал прв владетел на Австрија од Хабсбуршката династија заедно со неговиот брат Албрехт I. На 1 јуни 1283 година, според Договорот од Рајнфилд Рудолф II се откажал од овие територии во корист на Албрехт I и бил поставен за војвода на Предна Австрија. Рудолф починал на само 19 години во 1290 година без да ги добие договорените надоместоци од својот брат. Како одмазда за недобивањето на наследство, неговиот син Јохан Парицида, роден по неговата смрт, го убил во 1308 година Албрехт, поради кое се нарекува „Родоубиец“. СемејствоРудолф се оженил во 1289 година во Прага за Агнес, ќерка на Отокар II и имале еден син: Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia