РуенЗа други значења на поимот, погл. Руен (појаснување).
Руен — највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри[1]. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија. Правци за искачувањеИскачувањето на врвот Руен може да се изврши од два правци, и тоа едниот е од правецот на Кочани преку Пониква до Царев Врв, на кој нема бележници. Патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка Чешма“, што е најниска точка на патеката, а тука на преслапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа започнува искачувањето на Руен, кое вкупно од Царев Врв трае околу 2 часа. Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога се оди од Крива Паланка кон Бугарија, пред да се стигне до границата се врти десно кон рудникот „Тораница“, оддалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот може да се искачува непосредно на врвот Руен, иако нема бележници, но полесна варијанта е да се искачува во правец на седлото меѓу Царев Врв и Руен и потоа да се оди кон врвот.[2] Зависно од правецот, потребни се околу 2-3 часа. За движење во пограничен појас потребна е дозвола од Министерството за внатрешни работи. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia