СУ „Гоце Делчев“ - Валандово
СОУ „Гоце Делчев“ — средно училиште во Валандово, Општина Валандово[1]. Основање и развојУчилиштето започнува со работа во 1959/60 година како земјоделско училиште „Каме Почлизов“. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки со што станува училишет центар на средно образование. Во 1991 година, училишната зграда беше реновирана и беше дограден нов дел. Денеска во училиштето покрај гимназиска насока, егзистира и земјоделско-ветеринарната стука – образовни профили лозаро-винарски техничар и техничат за фармерско производство. Во гимназиското образование, учениците се определуваат на едно од следниве две подрачја: општествено-хуманистичкото и природно-математикчкото подрачје. Наставата во училиштето се изведува во современо опремени кабинети со компјутер за секој ученик. Образовната практика учениците од земјоделско-ветеринарната струка ја изведуваат на површините од училишната економја. Во рамките на училишната економија училиштето располага со 1,5 хектари лозов насад, 6 хектари житарица, 0,5 хектари пченка, 0,5 хектари насад со јапонско јаболко, 0,5 хектари калинки како и други необработливи површини. Располага и со земјоделска механизација за практична обука и обработка на површините како и со винарија за преработка на грозје. Учество на натпревариУчилиштето редовно секоја година учествува на многу натпревари. Познати личности кои предавале во ова училиштеНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia