Саат-кула (Измир)
Саат-кулата во Измир (турски: İzmir Saat Kulesi) — историска саат-кула која се наоѓа на плоштадот Конак во областа Конак во Измир, Турција. Саат-кулата била дизајнирана од францускиот архитект Рејмонд Шарл и изградена во 1901 година за да ја одбележи 25-годишнината од пристапувањето на Абдул Хамид II на престолот (владеел 1876-1909). Самиот часовник бил подарок од германскиот цар Вилхелм II (владеел 1888-1918) и има османлиски стил на архитектура. Кулата е висока 25 метри и има четири фонтани, кои се поставени околу основата во кружен модел. Столбовите се инспирирани од мавритански теми. Саат-кулата била прикажана на задната страна од турските банкноти од 500 лири од 1983-1989 година[1]. Во поранешните балкански провинции на Отоманското Царство, особено во денешните српски, босански и црногорски градови, како што се Белград, Сараево, Бања Лука, Градачац и Стара Варош, сѐ уште постојат такви кули од времето на отоманската ера. Наводи
Надворешни врскиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia