Саат-кулата (албански: Sahatkulla) во Приштина, Косово, била изградена во 19 век[1][2][3] од Јашар-паша,[4] по кого џамијата била именувана недалеку од Саат-кулата. Служела како средство за информирање на градот за време на владеењето на Отоманското Царство, со цел да им се даде на знаење на луѓето кога да се молат, како и на трговците кога да ги затворат своите продавници. Шестоаголната[5]кула висока 26 метри била направена од песочник и тули.[6] Оригиналната кула изгорела во пожар, а нејзините стари тули се користеле за реконструкцијата.[7][8] Автентичното ѕвоно било донесено од тогашното Кнежевство Молдавија и има натпис кој го споменува овој факт.[9] Сепак, околностите за тоа како ѕвоното било донесено во Приштина не се јасно познати; а нејзината кражба во 2001 година е уште понејасна.[10] Истата година, француските трупи на КФОР помогнале во инсталирањето на нов часовник со менување на стариот механизам на часовникот со електричен.[11]