Саксонија (вински регион)![]() Саксонија (Sachsen) — регион на квалитетнот вино во Германија, кој се наоѓа во германската сојузна покраина Саксонија. Регионот е понекогаш нарекуван и како the Elbtal (Елпска Долина). Винскиот регион покрива област од 462 хектари,[1] што го прави третиот најмал регион во Германија по површина. Се наоѓа долж реката Елба од селото Пилниц на Дрезден до селото Дизбар-Зојслиц северно од Мајсен.[2] Заедно со винскиот регион Зале-Унштрут, Саксонија е еден од најсеверните вински региони во Европа и е единствениот од двата региони во Германија, кои се наоѓаат во поранешната Источна Германија.[3] По повторното обединување на Германија во 1990, површината на лозјата била зголемена од 200 на 450 хектари со поддршка од Европската Унија,[2] но во последните години оваа бројка е малку намалена. ИсторијаОбласта на Саксонија има долга традиција за правење вино со докази за винска култура во регионот кои потекнуваат од 1161 во Мајсен.[3] Клима и географијаСо местоположба во југоисточна Германија, близу граниата со Чешка, регионот има континентална клима, која е под влијание на Елба. Гранитот и гнајсот се основата на почвата во областа и се слични со австрискиот вински регион Вахау.[3] Лозја и винаСортата Müller-Thurgau е водечка во областа и се одгледува на 85 хектари и 18,4% (бројки од 2008)[1] следено од Riesling со 14,5% и Weissburgunder (Пино бланк) на 11,9%. Поголемиот дел од производството на вино, околу 90%, отпаѓа на суво вино.[3] Најмногу посадени сорти на грозје по површина во 2008 биле:[4]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia