Саксонска Шума
Саксонска Шума (германски: Sachsenwald) — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн. ГеографијаСаксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област. Саксонската Шума поделена е на три подрачја:
На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени. Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.[1] Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау. Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област. ПовршинаОбласта се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:[2]
СообраќајПатенСаксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:
Железнички
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia