Самоилов натпис
Самоиловиот натпис или самоилова надгробна плоча претставува еден од најстарите кирилични натписи откриени на територијата на Македонија. Натписот е испишан на надгробната плоча на родителите на цар Самоил испишана во 992/3 година. Натписот кој бил испишан по наредба на цар Самоил, ги споменува имињата на неговите родители и неговиот брат Давид. Моментално, надгробната плоча се наоѓа во Националниот археолошки музеј во Софија, Бугарија. Во 1916 за време на Првата светска војна бил пренесен од селото Герман, во близина на Преспанското Езеро во Грција. Димензиите на плочата се 125–130 cm висина, 52–67 см ширина, и 7–10 см дебелина. Натписот бил цитиран од повеќе историчари, како Фјодор Успенски, Јордан Иванов и Николај Адонц. СодржинаОригиналниот натпис со реконструирани делови во загради и расчитан со празни места, големи букви и интерпункциски знаци гласи:
Преведен на современ македонски јазик гласи: "Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, јас, Самоил, раб Божји, полагам помен на татко ми и мајка ми и брат ми на овој крст. Ова се имињата на покојните: Никола, раб Божји; Рипсимија и Давид. Се напиша во годината од создавањето на светот 6501, индикт VI."
|
Portal di Ensiklopedia Dunia